Британскиот физичар Стивен Хокинг смета дека црните дупки можат да водат кон други универзуми.
Како што истакнува електронската верзија на весникот “Индипендент”, Хокинг тврди дека можеби луѓето не треба да се плашат од црните дупки, бидејќи не сè што запаѓа во нив, се уништува. Ако теоријата на Хокинг се покаже точна, тоа ќе помогне во решавањето на еден од најголемите парадокси поврзани со црните дупки. Според изданието, порано се сметало дека сè што запаѓа во црна дупка, се уништува или се губи засекогаш. Стивен Хокинг смета дека објект што наишол на црна дупка, може да се појави на некое друго место, можеби дури и во алтернативен универзум.
“Ако една црна дупка е голема и е ротирачка, во неа може да има премин кон друга вселена. Но, не можете да се вратите на нашата вселена ..”, ги пренесува “Индипендент” зборовите на професорот. Црната дупка е област во простор-времето, која не може да биде напуштена од ништо, дури ни од светлината.
[1] Заедничата теорија на релативноста предвидува дека доволно компактна маса би можела да го деформира простор-времето до таков степен што ќе се формира црна дупка. Околу црната дупка се формира математички препознатлива површина наречена хоризонт на настаните, кој го обележува местото од каде што враќање е невозможно. Името “црна дупка” го одразува својството на овој објект да ја апсорбира целата светлина која достигнува до хоризонтот, без да одразува дел од неа, токму како апсолутно црно тело од термодинамиката.
[2] Според квантната механика црната дупка сепак зрачи како црно тело со крајна температура. Оваа температура е обратно пропорционална на масата на црната дупка, што го отежнува следењето на емитувањето кај црни дупки со ѕвездена или поголема маса.