Секоја пролет, колекцијата очила на VOGUE нè пренесува во различни делови на светот, раскажува приказни за улици на Париз или космополитскиот Дубаи, видени низ очите на нивните музи.
Оваа година супермоделот Адријана Лима нè води во еден од најинтересните градови на Америка – Лос Анџелес, Калифорнија.
Ангелот на “Викторија Сикрет” е подготвена за авантури, без разлика дали тие се поврзани со премин на целата земја со автостоп, возење ролери во Санта Моника или сурфајќи на брановите на Венис Бич.
Во колекцијата пролет-лето 2016 година , Адриана ни претставува класични модели очила во кружна или квадратна форма, но со супер стилски дизајн кој ги претвора во модна галантерија.

Денот започнува со возење ролери по крајбрежниот појас.

Со кружни очила нема да останете незабележани. Обликот е една од топ тенденциите за 2016 година, а обоените рачки го дополнуваат чувството на свежина и авантуристички дух.
Нема како да отидете до Лос Анџелес без да посетите плажа. Тука се зародила сурферската култура. Ќе видите локални жители кои играат одбојка на плажа, се забавуваат во брановите, се собираат со пријатели или едноставно се релаксираат под топлото сонце на LA. Една од култните структури поврзани со овој начин на живот, се спасувачките позиции. Во годините кога градскиот пејзаж на LA се трансформира, позициите остануваат непроменети, потсетувајќи ја крајбрежната култура на 60-тите.

Класичните модели тип мачка око, решени во светли бои, кои потсетуваат на ретро филмови, бескрајни патувања со автомобили без покрив и развеани на ветрот коси. Со нив ќе бидете романтични и заводливи како хероини од ретро филм.
И конечно Адриана нè носи во забавен парк во Санта Моника, за да изгубиме еден ден во безгрижна забава под сончевите зраци.

Наменети за девојките со карактеристичен стил, очилата за сонце Vogue ќе ве претворат во ретро божици кои би се чувствувале на место како во сцена од “Телма и Луис”, така и во градот.
Широк спектар на очила Vogue можете да најдете во Оптика Grand Optics & Joy Optics низ целата земја. Во месец јуни кон секој купен пар очила за сонце Vogue, добивате подарок – луксузен пешкир за на плажа.