Европската централна банка ќе стапне во неистражена територија, со започнување на купување на компаниски обврзници, за да го поттикне успорениот раст во еврозоната.

Покрај клучните каматни стапки кои веќе се под нулата и делењето на огромни финансиски средства во 19 члениот блок, Банката сега ќе ги исклучи банкарските посредници и финансиските институции или директно или со купување на корпоративни должнички хартии на пазарот на обврзници.
Одложен рокот за регистрација за гласање на референдумот во Британија
Британскиот Парламент ќе гласа денеска за продолжување со 48 часа на рокот за регистрација на гласачите за учество на референдумот за излез на земјата од Европската унија, пренесе БНТ. Онлајн системот за регистрација беше прекината од компјутерско паѓање на системот, непосредно пред истекот на претходниот рок, полноќ на 7 јуни.

Предлогот на Владата е регистрацијата на гласачите за референдумот да трае денеска до полноќ. Компјутерскиот колапс не е и единствената причина за желбата на власта да го продолжат рокот. И покрај напорите и кампањите за и против излегувањето на Велика Британија од Европската унија, извршена анкета, цитирана од агенција “Ројтерс”, покажува дека милиони Британци се одлучиле да не учествуваат на референдумот.