Изморените француски полицајци го обезбедуваат ЕУРО 2016

од Vladimir Zorba
80 прегледи

 

 

 

Франција, по нападите во Париз минатата и во Брисел оваа година, е во вонредна состојба, државата ја потресуваат многу протести од различен карактер (работни места, откази, цени, мигранти, бегалци…), како и проблемот поради кризата со бегалците и мигрантите. francuska-specijalci-policija

Но, силите за безбедност на оваа европска велесила за неколку дена ќе има уште една, многу обемна работа, да го обезбедува Европското фудбалско првенство, а веќе почнаа да добиваат информации за потенцијални опасности и можни напади.

Од 10 јуни до 10 јули се планира да се одиграат 51 фудбалски натрпевар на 10 стадиони во Франција.

За безбедноста на 2,5 милиони гледачи (од кои милион се странци) ќе бидат задолжени над 90.000 припадници на полицијата и други сили за безбедност, беспилотни летала, меѓународни безбедносни и разузнавачки агенции.

Проблемите околу навивачките зони

Во првите денови на јуни шефот на париската полиција Мишел Кадот објави соопштение дека силите за безбедност на францускиот главен град ќе добијат засилување во текот на турнирите, а некои медиуми и агенции наведуваат дека постои и иницијатива за укинување на една од најголемите париски навивачки зони.

Навивачките зони се големи отворени простори за собирање на навивачи кои немале доволно среќа и пари, да одат на самите натпревари, а кои на оваа локација истите ќе ги следат на големи екрани.

Се наведува дека кабинетот на Кадот препорачал затворање на навивачката зона кај Ајфеловата кула, каде е планирано да се соберат илјадници навивачи, а затворањето да се случува во текот на натпреварите во Париз и неговите предградија.

Се претпоставува дека во текот на одредени натпревари кај Ајфеловата кула можат да се соберат до 100.000 навивачи.

Експертите за безбедносни прашања и полицијата наведуваат дека заштитата на тие подрачја е најголем предизвик поради недостиг на средства и луѓе.

„Свесни од притисокот на полициските сили на главниот град, а за обезбедување на навивачките зони и стадиони, безбедносниот комитет веднаш распореди засилување на средства и луѓе кои ќе бидат на располагање на шефот на полицијата за да може тој да обезбеди оптимално ниво на безбедност на сите локации‟ – се наведува во соопштението на кабинетот на Кадот.

Од полицијата за локалните медиуми изјавуваат дека безбедносните сили се изморени бидејќи се растргнати меѓу нападите на милитантите, насилните улични демонстрации и кризата со бегалците и мигрантите.

Минатиот месец објавено е дека припадниците на вооружената група Исламската држава се заканиле со кампања за бомбашки напади на големи собири во Франција.

Предупредување од Стејт Департментот

Американскиот Стејт Департмент во почетокот на јуни исто така предупреди дека турнирот во Франција може да биде цел на вооружени групи и терористи.

„Голем број туристи во посета на Европа ова лето ќе претставуваат поголеми цели на терористите‟ – наведуваат од американската администрација.

Франција е под вонредна состојба од нападите во минатиот ноември во Париз, за кои одговорноста ја преземаа припадниците на ИД.

Речиси симултаните напади на стадионот, концертната сала, барови и ресторани, усмртија 130 луѓе, а ранија десетици други.

По неколку месеци 32 лица загинаа во Белгија, кога беа извршени напади на бомбаши-самоубијци на бриселскиот аеродром и подземната железница

Ал Џезира Балкан – Сараево