Мексиканците нема потреба да одат до Рим, за да уживаат во убавината на Сикстинската капела со нејзините познати фрески.
Со благослов на Ватикан, копија во природна големина е инсталирана во Мексико сити. Ова е прв случај во кој прочуените фрески на таванот во куполата, патуваат во странство, а тоа да биде и виртуелно.
И додека оригиналот е создаден за осум години, мексиканската престолнина доби своја Сикстинската капела само за еден месец. Во случајот сепак не се однесува за репродукција, направена од некој уметник. Сите фрески всушност се дело на фотографи и сликите се испечатени на платно. За да биде направена оваа реплика на Сикстинската капела, фотографите работеле внатре во текот на 170 ноќи. Вкупно 2,6 милиони слики биле користени за да се рекреираат, објаснува Антонио Берумен кој е директор на проектот и самиот тој е од Мексико.
Вели дека идејата му дошла пред две години, кога видел стара мексиканска жена да плаче во Сикстинската капела. Потоа тој го претвора во своја мисија создавањето на копјето во втората најголема католичка земја по Бразил. Проектот чини повеќе од 2 милиони долари платени од приватни донатори. 27-метарска купола ќе остане во главниот град до 30 јуни, а потоа ќе тргне на патување во земјата, кое ќе трае 3 години.