Мистеријата “Билдерберг”

од desk3
127 прегледи

 

Овој клуб постои од 1954 година, но и до денес останува мистерија: членовите на таинствената група “Билдерберг” се должни да се чуваат во целосен молк за содржината на разговорите . Денес (9 јуни) започнува уште нивна средба.

0,,19299941_303,00

Мистериозниот клуб “Билдерберг” се среќава секоја година на различно место – овој пат во луксузен хотел во германскиот град Дрезден. И секој пат конференцијата е придружена од протести. Германската канцеларка Ангела Меркел, министерот за надворешни работи на земјата, Франк-Валтер Штајнмаер и лидерот на германските социјалдемократи Зигмар Габриел одбиле да учествуваат во овогодинешната нејзино средба. За разлика од министерот за финансии Волфганг Шојбле, министерката за одбрана Урсула фон дер Лајен и министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер, за кои се тврди дека прифатиле да учествуваат во започнатата денес (9 јуни) средба на околу 150 влијателни личности од светот на политиката и финансии.

Тајно, елитистичко, нетранспарентно

Учесниците во клубот “Билдерберг” се потчинуваат на посебни правила. Најважното од нив се нарекува “Chatham House Rule”. Ова правило, се воведен уште во 1927 година од Кралскиот институт за меѓународни односи, кое ги обврзува сите членови на клубот да задржат целосен молк за содржината на разговорите и говорот. Токму поради оваа непроѕирност собирот на моќните секој пат е предмет на критики. Организаторите и учесниците тврдат за возврат дека ова е ретка можност да се зборува отворено пред оние кои ги носат најважните одлуки, бидејќи медиумите не се допуштени да го покриваат настанот. Така луѓето од кои зависи нешто во овој свет, остануваат едни со други.

Информациите за средбите на клубот “Билдерберг” се премногу ограничени – се знае на пример дека дискусиите по одделни теми траат по 90 минути. Пред три години, кога конференцијата се одржа во близина на Лондон, еден од учесниците изјави дека не било разговарано “ништо суштинско”. Имало бифе, но пак секој требало сам да си го плаќа виното …

Изморените француски полицајци го обезбедуваат ЕУРО 2016

Во реалноста, сепак на овие средби се работи за спасување на светот – или барем се бараат решенија за актуелните глобални проблеми. Според мемоарите на поранешниот американски амбасадор во Германија Џорџ Макги, клубот “Билдерберг” имал значаен придонес во подготовката на Римските договори, кои се предвесник на денешната Европска унија. А белгискиот претприемач Етиен Давинон, кој е почесен претседател на клубот, тврди дури дека таму било “родено” еврото. Сето ова дава повод за бројни сомневања и прашања. Како на пример: кој ја предизвика нафтената криза од 1973 година? Или пак: Како дојде до обединување на Германија? Кога станува збор за клубот “Билдерберг”, поддржувачите на теории на заговор се во стихијата .

Откако се одржуваат конференциите на овој клуб, течат и живи дискусии по прашањето како изгледа јадрото на ова таинствено братство. Социологот Рудолф Штумбергер смета на пример дека елитниот клуб е еден вид обид за враќање кон феудалните патишта на управување. А холандскиот политиколог Кеес ван дер Пијл тврди дека застапените во клубот интереси немаат многу заедничко со вредностите на демократијата.

И покрај сите овие обвиненија привлечноста на таинствениот клуб ни најмалку не се намалува. Или како што пишува британскиот актер Иан Ричардсон: “Да се ​​здружиш со некои од највлијателните луѓе на светот е како психолошки афродизијак”.

Како почнува

Првата средба на таинствениот клуб се одржува во 1954 година – во холандскиот “Хотел де Билдерберг”, кој станува кум на иницијативата. Во првите 20 години клубот е предводен од холандскиот принц Бернард, кој сепак е принуден да се повлече поради неговата улога во голема корупциска афера. Оттогаш критиките против “Билдерберг” се стихија – поради сомневањето за нечисти врски меѓу големите пари и големата политика.