Научниците го докажаа потеклото на “хобитите” од Индонезија

од desk3
137 прегледи

 

Луѓе со поливичен раст кои живееле пред 700 000 години, се предците на прочуените “хобити”, остатоци од кои беа откриени во 2003 година во Индонезија. Ова го покажуваат две нови истражувања на луѓето чиј вид бива избришен од еволуцијата пред 50 000 години.

Image_5566795_126

Скромно парче од вилица и коски на возрасен и две деца се во основата на теоријата дека “хобитите”, носејќи го научниот назив “хомо флорсиензис” пристигнале на островот Флорес како друг, крупен човекоподобен вид пред еден милион години. Потоа се случило нешто многу чудно. Овие рани луѓе кои веќе се заживеле таму, почнале да се смалуваат генерација по генерација, додека не достигна половина на почетна висина и тежина. Процесот се нарекува “островски дварфизам”.

Тој е познат од други животински видови, од кои некои се намалиле 6 пати при адаптацијата кон средина со помалку ресурси. Индонезискиот остров Флорес бил дом и на мали суштества слични на слоновите, наречени стегодони. Нивното изумирање веројатно се должи на ловот од страна на малите луѓе.

“Хобитите се вистински … Ова е древен човечки вид, различен од нашиот, кој веќе не постои”, објасни Адам Брум, археолог од Истражувачкиот центар за човечката еволуција во австралискиот универзитет Грифит. Новите откритија се направени за време на ископувањата на 100 километри од местото каде што се наоѓаат хобитите во 2003 година.

Според сегашните претпоставки, предок на малите луѓе најверојатно е хомо еректус – првиот човечки вид кој дошол од Африка. Отпаѓа досегашната теорија дека хобитите потекнуваат од homo sapiens, смален од болести и генетски абнормалности. Називот хобит доаѓа од книгите на класици во фантастичкиот жанр на Џ.Р.Р. Толкин.