(ВИДЕО) Малата Дарија го расплака жирито и испрати силна порака во регионот

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Седумгодишната Дарија Врачевич со емотивниот настап успеа да го расплаче жирито во првата полуфинална вечер на „Пинкови ѕвездички“.Darija-Vračević-Samo-da-rata-ne-bude

Таа ја испеа песната на Џорџе Балашевич „ Само да рата не буде“, а нејзината зрела и емотивна изведба не го остави никого рамнодушен.

(ВИДЕО) Настапите на Мартија, Елена и Антонија на првата полуфинална вечер на Пинкови ѕвездички

„Никогаш не си пеела подобро, си станала сериозна пејачка. Она што е најзначајно во твојот настап е што секој може да ја разбере пораката на оваа песна, бидејќи нема генерација која не преживеала војна. Јас се надевам дека ни ти, ниту нашите деца нема да мораат да поминат низ тоа“ -рече Гоца Тржан по настапот на Дарија.