Причината – поројните дождови.
Области околу градот Лонсестон – втор по големина на австралискиот остров Тасманија, беа покриени од голема пајажина, соопшти ABC.net.au.
Причината е обилните дождови кои го поплавија градот.
Во обид да избегаат од надојдените води, пајаците побарале спасение на нависоко
Тоа е типично однесување за овие инсекти, кога го менуваат своето прво живеалиште. Тие се доста уседнатии, но кога се преместуваат, формираат летечки пајажина, објасни Греам Милеџ од Австралискиот музеј.
Феноменот е познат како балунинг (ballooning – формирање на балони), бидејќи пајаци користат летачката пајажина токму за тоа – да се издигнат кон повисоки области.
“Ова е начин на дисперзија, нивниот начин на летање – рече Милеџ.
– Пајаци се основни предатори меѓу инсектите и слични феномени покажуваат колку голем е нивни број”.
