Дури Американците признаваат дека ПВО-то на Москва е подобро.
Руските системи за ПВО се познати како едни од најдобрите во светот.
Дури американските сили неодамна го признаа тоа. Пензионираниот генерал Дејвид Дептула, поранешен офицер на разузнавањето на американските воздушни сили, изјави во интервју за сајтот “Дејли Бисти” (The Daily Beast) дека Русија има едни од најдобрите системи за противвоздушна одбрана на планетата.
Руските воздушни сили се вооружени со различни ракетни комплекси, кои се способни истовремено да следат различни цели.
Најпопуларните преносни ракетно-зенитни комплекси (ПЗРК): “Игла-С”

Опсег: 6000 метри
Ограничување на висината на целта: 10 – 3500 м
Овој пренослив ракетно-зенитен комплекс има многу едноставна конструкција (држач за истрелување и ракета и е дизајниран да детектира авиони, хеликоптери и дронове на ниски височини во услови на природни и вештачки создаден термички извори. “Игла-С” е речиси невидлив за разузнавачките технологија и е со висок степен на точност. Многу експерти се на мислење дека овој ПЗРК надминува сите аналогни ситеми кои постојат денес. Тој ја покажал способноста во неколку конфликтот, меѓу кои поранешна Југославија и Сирија. ПЗРК “Игла-С” е доставен во земји во Југоисточна Азија, Централна Азија, Блискиот и Далечниот Исток, Централна Европа, Латинска Америка, Карибите и Африка.
Најефикасен систем за ПВО: С-300ВМ “Антеј-2500”
опсег:
за аеродинамични цели – 200 километри
за балистички цели – до 40 километри
Ограничување на висината на целта: 25 метри – 30 километри
Преносен противракетен и зенитен систем С-300ВМ “Антеј-2500” е универзално средство за противракетна и воздушна одбрана. Тој е способен да детектира балистички ракети со дострел до 2.500 километри, така и да пресретнува сите видови аеродинамични цели. Електронскиот систем на С-300ВМ е опремена со два радара: тркалезен радар за откривање и софтверски радар. Првиот скенира заобиколувајќи го просторот и е дизајниран да детектира авиони и хеликоптери, додека вториот бдее за проектили. Во моментов С-300ВМ е најмоќната руска систем за ПВО, достапена за извоз. Венецуела поседува неколку системи С-300ВМ.
Најиновативната руска систем за ПВО: “Панцир С-1”
Опсег: 1,2 – 20 километри
Ограничување на висината на целта: 15 метри – 15 километри
Системот е дизајниран за заштита на цивили и воени објекти во краток опсег против било постоечки и потенцијални воздушен напад, вклучувајќи за заштита од системи за ПВО со широк опсег. Тој, исто така може да чува зададен објект од копнени и поморски закани. “Панцир С-1” во моментов се тестира во Сирија, каде воени специјалисти одбележуваат подвижноста (само за пет минути време за распоредување), високите огнени можности и точноста. “Панцир” препознава секакви цели од врапче до воен авион. Експертите ја сметаат за единствена. Оваа машина во моментов е на оружје во Алжир, Иран, ОАЕ и Оман.
Најновата систем за ПВО: РС С-400 “Триумф”
Опсег на детекција: 600 километри
опсег:
за аеродинамични цели: 400 километри
за балистички цели: 60 км
Ограничување на висината на целта: 10 метри – 27 километри
РС С-400 “Триумф” е дизајниран да пресретнува аеродинамични воздушни цели (тактички и стратешки авиони и авиони со Антирадари системи, како АВАКС (AWACS) и Кор (KR), вклучувајќи и авиони со скриена технологија во опсег до 400 километри. Може да пресретне балистички ракети, суперзвучни технологии и други постоечки и потенцијални воздушни закани. во споредба со својот претходник С-300 “Триумф”, РС С-400 поседува два и пол пати повеќе моќен систем за лансирање на ракетите. Ќе биде достапна за извоз по 2016 година.
Најмногу ветува систем за ПВО: РС С-500
РС С-500 е најновата генерација систем за ПВО, за која се претпоставува дека ќе биде опремена со концепт “селективна поделба” за уништување на неколку балистички или воздушни цели одеднаш. Основната цел на С-500 ќе биде да се бори со интерконтинентални балистички проектили и ракети со среден опсег. Според креаторот најновиот систем за заштита дури и ќе може да достигне до сателити кои се ниско во орбитата, вселенски оружје и орбиталата оружје платформи. С-500 во моментов е во процес на развој и ќе биде достапна најрано во 2017 година.


