Туск се плаши од “новиот пад на Рим”: Брекзит може да ја уништи западната цивилизација

од desk3
108 прегледи

Непријателите на Европа ќе пукаат шампањ, ако Велика Британија излезе од Европската унија. Разводот ќе биде болен, ништо веќе нема да е исто.

Тоа го вели претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во интервју за весникот “Билд”.

Господине претседател, по неколку дена Британија ќе биде првата земја која ќе гласа за излез од ЕУ – Brexit. Ова почеток на крајот на Европа ли е!?

Image_5575358_126

Не сум пророк. Можам само да се надевам дека Британците ќе гласаат против излегување од Унијата. Сепак моментот е историски и тоа се чувствува. Нешто старо завршува нешто ново започнува. Јас сепак сум сигурен дека ЕУ ќе преживее, иако ќе плати висока цена.

Што започнува?

Финансиската и бегалската криза доведоа до несигурност, до востание против политичкото статус кво. Гледаме нагло зголемување на чувството на нестабилност. Референдумот на Британците би можел да го зајакне овој тренд.

До кој степен Brexit би наштетил на ЕУ?

Секое семејство знае дека еден развод е повреда за сите. Од економска гледна точка ќе страда секоја земја од ЕУ, но пред се самите Британци. Политички едно излегување од Унијата ќе ги окрили сите радикални антиевропејци во земјите од ЕУ. И уште: на денот на излегувањето на Британците од Унијата сите наши надворешни непријатели ќе пукаат шампањ. Должни сме да се потрудиме да им се помрачи забавата.

Што би значело излегување од ЕУ за самите Британци?

Кампањата за Brexit има јасна порака: “Оставете не да излеземе. Ништо нема да се промени, се ќе остане како што беше. “Тоа е сосема погрешно. За Велика Британија тоа би било удар и тоа не само економски, туку пред се геополитички. Зошто е толку опасен? Бидејќи никој не може да предвиди долгорочните последици. Како историчар јас се плашам дека Brexit би можел да е почетокот на уништување не само на ЕУ, но и на целата политичка цивилизација на Западот.

Зборувате за развод. Како тој би изгледал во случајот со Британците?

Расипување на сите договорни обврски и врски би било многу тажно, но релативно едноставно, тоа ќе трае околу две години. Многу потешко би било потоа – да се договорат нови односи. После секоја од другите 27 членки на ЕУ и Европскиот парламент треба да го одобрат целиот пакет. Тоа би потрошиле најмалку 5 години и се плашам дека нема гаранција за успех.

Зошто сите овие аргументи не се гледаат од многу Британци?

Социјални расположенија се последица побрзо на емоции отколку на разум или економски интереси и тоа е така не само во Велика Британија.

Еврото, Украина, бегалци. Никогаш од основањето ЕУ не заглавила така длабоко во криза. Што се случи во последниве години?

Ако мислиме дека ЕУ е бескраен празник, тогаш се се губи. ЕУ не може да е само одговор на трагедии од минатото, ЕУ е должен да одговори на прашања од иднината. Затоа треба да одговориме на предизвиците на кризите кои не сме ги предизвикале ние, туку не зафатија ноднадвор. Должни сме да предупредиме дека одморот во светската политика заврши. Треба повторно да се грижиме за настаните и да одолеваме на тешки испити.

Со 28 земји-членки, ЕУ е премногу несмасна. Во 2004 година вкупно беа примени 10 нови земји, вклучувајќи и вашата родна Полска.

Прво: ниту една од актуелните кризи има нешто заедничко со проширувањето на ЕУ. И уште: денес ништо не би било подобро ако ЕУ би била поделена или помала. Мини-Европа би била најлошиот одговор на огромните проблеми со кои се соочуваме. Треба да бидеме свесни дека Европа се состои од мали држави и од оние кои уште не го разбрале тоа.

Зошто при бегалската криза Германија беше напуштена од своите европски партнери?

Момент. Други држави според нивното население исто примија многу бегалци. Значи Германија не беше оставена сама и не би требало да влезе во улогата на маченик. Тоа е толку погрешно, како и дека отворените германски граници ја предизвикале бегалската криза. Иако сме имале разлики во оваа криза, секој ден сум радосен што Ангела Меркел е германска канцеларка, која се обидува да го обедини чувството за одговорност, морал и вредности. Ова е јадрото на Европа. Но дури Европа не може да прима бегалци безгранично, тоа сега го разбра и Германија.

Кога ќе паднат визите за турските граѓани?

Кога Турција ги исполни сите услови. Преговорите сигурно ќе продолжат до октомври, но има напредок.

Кога Турција ќе стане членка на ЕУ?

Не со сегашната состојба.

Ќе стане ли Доналд Трамп нареден претседател на САД?

Со сопругата сме заедно од 38 години. Таа вели: “Еден Доналд ми доаѓа повеќе”