Во Полска вреди да си во борбена готовност: регистрирани волонтери од парамилитарните единици можат да добиваат по 120 евра месечно од државата. DW посети едно семејство кое се подготвува за војна заедно со своите деца.
Пјотр Чуруо е еден од т.н.. “Prepper” *. Таквите движења има во многу земји. Членовите градат скривалишта, собираат прехраnбени залихи и се подготвуваат за несреќи и војни. Пјотр Чуруо живее со своето семејство во едно село во североисточна Полска на помалку од 100 километри од рускaта енклава Калининград. По пристапувањето на Полска кон НАТО, областа е означена како “алергична”. При екстремна ситуација, Русија би можела светкавично да создаде “коридор” меѓу Калининград и Белорусија и на тој начин да ги откине балтичките држави од западните сојузници. Многу од жителите на североисточна Полска стравуваат дека при таков развој тие ќе бидат погодени први. Токму затоа Пјотр Чуруо станал “prepper”.
“Нашата историја не научи дека спокојниот живот многу брзо може да се претвори во војна”, вели тој. Секој викенд неговото семејство “тренира” за кризи: тие собираат печурки и билки, одат на лов и понекогаш сместување на отворено во шумата.
“Татковината Ве очекуваше”
Во Полска има 50 000 “preppers” како Пјотр. Други 35 000 лица, пак, се организирани во паравоени здруженија. Тие сами ги финансираат униформите, опремата, вежбите и оружје – понекогаш со помош на акции во социјалните мрежи. Неодамна еден оружен клуб од Гдањск пример објави повик за помош на Фејсбук и успеа да собере доволно пари за нов автомат. Според Пјотр Чуруо, овој потенцијал во никој случај не треба да се губи и затоа пред време тој започнал да организира паравоен конгрес.
Владата во Варшава сака да се користи од патриотските ставови на парамилитарните групи. Сепак тоа се илјадници мажи кои во случај на потреба би можеле да формираат волонтерска армија. Нивниот број одговара на една третина од сегашниот редовен состав на полската армија. Затоа и министерот за одбрана Антони Мачеревич го посети во почетокот на јуни конгресот на парамилитарните групи во градот Острода. Тој се состана со 1000 ученици од т.н.. “Униформирани класи”, кои го зарадуваа со бурни аплаузи откако рече дека тие биле “иднината на модерната полска армија”. Во меѓувреме, во Полска веќе има 300 училишта кои имаат воведено слични класи. Во нив се одржуваат интензивни часови по воено дејствување и физичко воспитување, како и по историја и патриотизам. “Татковината ве очекуваше”, рече уште министерот Мачеревич за да ги стимулира младите. Неговиот портпарол објасни пред државната телевизија дека “денес безбедноста е на мода” и Варшава сакала да го поддржи овој тренд.
Недела на повторувања
Полското Министерство за одбрана сака да поддржи го растечкото милитаристичко воодушевување. Според реформата на националните структури за одбрана, секој регистриран доброволец би можел да добива по околу 120 евра месечно. “Такво нешто немало никогаш досега”, вели Пјотр Чуруо, поддржувач на идејата на национално-конзервативната влада што сака да каже на народот дека партиотизмот и борбената готовност чинат. Уште отсега избрани волонтери од парамилитарните групи можат да се обучуваат заедно со професионалците. Новиот полномошник на владата за доброволните милиции Валдемар Зубек изјави дека од есен парамилитарните единици ќе учествуваат редовно во цежбите на полската армија.
Нов закон за екстремни ситуации
Пред самитот на НАТО во јули, Варшава френетично разаработува закон за забрзување на меѓусебна помош во НАТО во екстремна ситуација. Како договорот на Алијансата е запишано дека секоја земја-членка може да смета на помош од сојузниците во случај на напад. Полјаците сепак сакаат да ги поедностават правилата и развиваат нов закон кој овозможува побрза интервенција на НАТО војници во случај на потреба. Тој предвидува претседателот на земјата да донесе во иднина соодветната одлука по препорака на Владата без да се спроведува гласање од парламентот. Според заменик-министерот за одбрана Томас Шатковски, само ќе се губи време, ако во постапката биде вклучен и парламентот. “Ние треба да земеме заштитни мерки, за да не се случат и тука некакви” зелени мажи “”, рече тој, мислејќи дестабилизација на Крим пред анексијата на полуостровот од Русија.
Оваа реторика се вклопува добро на расположението во земјата. Само една третина од Полјаците верува дека во екстремна ситуација НАТО ќе помогне веднаш на нивната татковина. Две третини од испитаниците се сомневаат во тоа или немаат категорично мислење за ова прашање.
Пјотр Чуруо исто е скептичен. По конгресот на парамилитарните групи во градот Острода тој брза да се врати дома. Таму веднаш го соблекува костумот, става маскирна униформа и повторно заминува со семејството низ шумата. “Ние повторно ќе сме на камп меѓу природата”, вели тој гордо и почнува да се фали со своите најнови воспитни успеси: “десетгодишната ќерка веќе може да јаде сурово еленово месо и сега се учи да подготвува јадења од билки. Таа не е толку бледа како соученичките и не поминува слободното време со смартфонот и пред компјутер, а тригодишниот мојот син веќе се справува добро со лакот и стрелите. ”
Целта на Пјотр Чуруо е да ги зајакне “примарните инстинкти” на своите деца. “Нашето семејство ќе преживее при секоја војна”, вели 50-годишниот “prepper”. Колку долго ли? “Додека има вода.”
* Prepper (од англ.) – Човек кој активно се подготвува за секаков вид катастрофи и несреќи
