1400 лица ги напуштија родното место поради високи нивоа на радијација
5 години по хаваријата во АЕЦ “Фукушима” Владата го крена делумно режимот за евакувација во село Кацурао. Високите нивоа на радијација принудија повеќе од 1.400 луѓе таму да ги напуштат своите домови. 5 години подоцна, дел од нив избираат да се вратат назад.11 март 2011 година – уништувачки земјотрес со јачина 9 степени по Рихтер ја потресе Јапонија.Следуваа 10 метарски бранови цунами кои удираа во 500-километарското крајбрежје. Преплавена е и нуклеарната централа “Фукушима”, а нејзини реакторите делумно се стопени. Потресот го одзема животот на над 18 500 лица, а судбината на повеќе од 5000 останува непозната и до денес.
Пет години по трагедијата јапонската влада овозможи на дел од семејствата од Кацурaо да се вратат во своите домови. Меѓутоа, сите не се подготвени да го направат тоа поради стравот од радијација. Ден по укинувањето на забраната само 126 лица или 10% од населението се согласуваат да останат трајно. Проблемите не завршуваат со радијација загадување. Здравствените институции и продавници во селото се уште не се со отворени врати, што дополнително го отежнува животот таму. Тоа сепак не ги обесхрабрува повратниците. Едни решаваат да се занимаваат повторно со земјоделство. Сеат пченка, со која се надеваат да се прехранат по време, како што тоа го правеле и порано. Други избираат да ја откријат убавината на природата и одгледуваат рози во своите градини. Обновата на селото ќе бара многу напор од страна на локалните власти и жителите, но овие напори еден ден можат да послужат за пример на останатите, кои сонуваат за животот пред хаваријата.