“Microsoft” го купи “LinkedIn” за 26,2 милијарди долари

од Vladimir Zorba
75 прегледи

“Мајкрософт” (Microsoft) ја купи социјалната мрежа “LinkedIn” за 26,2 милијарди долари.4878064

“LinkedIn”, чија идеја е да ја олесни врската меѓу работодавачите и вработените и професионалните односи во целина, ќе задржи препознатлив бренд и независност како компанија, гласи пораката на “Мајкрософт”. Извршниот директор Џеф Вајнер ќе ја задржи функцијата, а ќе одговара пред неговиот колега во “Мајкрософт” – Сатја Надела.

Вајнер и коосновачот на професионалната мрежа Рид Хофман, кој е и главен акционер во неа, го одобрил стекнувањето, кое ќе биде спроведено до крајот на годината.

“Екипата на LinkedIn изградила фантастичен бизнис, ориентиран во поврзувањето на професионалци во светот. Заедно ќе можеме да го зголемиме растот, како на “LinkedIn”, така и на “Microsoft Office 365” и “Microsoft Dynamics” (софтвер за бизнис менаџмент), за да најдеме начин да му помогнеме на секој човек и организација на планетата “, изјави од своја страна Надела.