Еден од најпознатите и високоплатени фудбалери во светот во моментов – Нејмар живее веќе неколку години во Шпанија, поточно во Барселона, бидејќи игра за каталонскиот гигант.
24-годишниот Бразилец е обожуван во целиот свет, а малите деца се обидуваат да го имитираат не само неговиот стил на игра, но и на интересните фризури.
Нејмар живее во трикатна куќа за изнајмување, во престижниот кварт на градот Pedralbes кој е недалеку од плажата. Во овој регион на Барса живеат и други познати фудбалери.
Самиот спортист живее во поголемиот дел од годината со својот 5-годишен син Давид Лука, со чија мајка Каролина е разделен, но таа се пресели од Сао Паоло во Шпанија, за да не ги разделува таткото и синот.
Модерната вила која Нејмар да Силва Сантос Жуниор живее три години чини 18 илјади евра месечно, а инаку вредноста ‘се проценува на околу 4 милиони евра.
Износот дефинитивно не е проблем за Нејмар, кој доби првично 40 милиони евра при потпишувањето на договорот со Барселона во 2013-та, а потоа почна да зема по 7 милиони годишно.
Договорот на напаѓачот истекува дури во 2018.
Видете слики на домот на фудбалерот во галеријата.