Кои се омилените десерти на фудбалските ѕвезди?

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Во екот на Евро 2016 сите се под влијание на фудбалските страсти.4880024

Ѕвездите на теренот привлекуваат внимание не само со играта, туку и со доста атрактивниот изглед. Фудбалските ѕвезди се во центарот на вниманието и под посебен мониторинг на навивачите, поради тоа се трудат да изгледаат добро. Но, дури и најголемите фудбалери имаат свои слабости и тоа се десертите и чоколадото, објавија од foodpanda.

Кој што сака да си касне, може да прочитате во следните редови.

Кристијано Роналдо: Несомнено тој е најпознатиот и најбогат фудбалер денес. Вели дека ретко си дозволува слатки работи, но кога тоа го прави јаде по една цела пита со кајсии.

Жерар Пике: Тој обожава торта “Банди”, која е тешка, маслена и покриена со чоколадна глазура. Лампард: Неговиот омилен десерт е домашен колач со Нутела. Претпочита да го конзумира наутро со кафе и топка сладолед.

Луиџи Буфон: Омилениот десерт на италијанскиот голман е мелба. Тој вели дека не се ограничува во неговата потрошувачка.easy-molten-chocolate-souffle-24555_l

Кака: Кака се шегува дека преку омилениот десерт прима доволно количество витамин C. Тој сака да јаде пудинг од лимон.

Вејн Руни: Чоколадно суфле, овој популарен десерт е слабата точка на Вејн Руни.

Златан Ибрахимовиќ: Хрватот сака да јаде чисто чоколадо, со повисок процент на какао содржина.

Нејмар: Она што може да го примами Нејмар е домашна бисквит торта облеана со многу ореви.

Лео Меси: Носителот на 5 награди Златна топка, сака да јадете палачинки, заедно со неговата сопруга и двете деца.