(ВИДЕО) Павле Богоевски заработи прекршочна пријава

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Веднаш по завршување на одбројувањето на Шарената револуција за ултиматумот кој го поставија, Павле Богоевски доби прекршочна пријава за сторен прекршок, односно за четворката која со боја ја напишаа пред Триумфалната порта.

– Денеска симболично броевме уште 4 дена до 18 јуни, денот до кога дадовме рок на владата да постапи по нашите барања. Веднаш по одбројувањето повторно ја почувствувавме селективната правда и прогонот на Митко Чавков и на фамилјата врз демонстрантите, имено ме легитимираа и ми дадоа платен налог за сторен прекршок, додека вистинските криминалци кои раководат со државата се уште се на слобода и судовите одвај можат да се дрзнат да им го одземат пасошот, а не дај боже да ги стават во притвор, рече за А1он Павле Богоевски.

Демонстрантите од Шарената револуција велат дека дале до знаење како на актуелната, така и на идните власти дека сите прекршочни и истражни постапки против граѓанските активисти мораат да престанат./извор а1он