Ако размислите за љубовниот живот, тоа што моментално би ви натерало да се насмевнете е вашиот партнер. Го нарекувате големата љубов, единствениот. Патот пред да го сретнете бил возбудлив, интересен со различни типови мажи кои за некој временски период биле дел од вашата врска.
Како момчето на мама, оној што ви го скрши срцето, оној кој не запираше да ве лаже. Да, секоја жена среќава одредени типови мажи пред големата љубов, а еве ги и останатите.
Најдобриот пријател
Со него може да разговарате со часови, тој знае за сите ваши врски и љубовни болки, како и вие за неговите. Секогаш се смеете кога сте во негово друштво, ви се допаѓаат неговите блиски и тие вас. Во даден момент помеѓу вас имало искри, но на крајот хемијата недостасува.
Постариот маж
Мажот кој е неколку години постар од вас. Галантен, кој знае како да ве освои, во кој ресторан да ве одведе, како да си поминете максимално пријатно во спалната, човекот со најубавите подароци.
И покрај незаборавните моменти во врската, понекогаш тој како да не ве разбираше, особено кога се однесувавте слободно, лудо и детински, или, пак, веќе сакал брак, семејство, но вие не сте биле на овој бран.
Женетиот / Во врска
Дури и да не сакате да признаете пред пријателките, а и не е потребно, само вие знаете дека некогаш сте имале односи со врзан маж. Долги и мачни односи, во кои се надевате дека ќе го добиете навистина неговото срце.
Празници, убави моменти во кои бевте сами, бидејќи се одлучивте да имате врска со врзан маж. Возбудлива, ризична, разочарувачка врска. Добро е што веќе е во минатото.
Социјална пеперутка
Не беше можно да не останете привлечени од овој тип на маж, бидејќи тој бил како магнет за сите дами. Харизматичен, привлечен, забавен, дефинитивно знае како само со неколку зборови да ве улови. Човекот-журка, кој не може да не се чекне на социјалните мрежи од уште еден социјален настан. Краток, но незаборавен флерт.
Лошото момче
Тој знае што сака и како да го добие. Изгледа добро, има големи мускули, тетоважи, мотор. Често го крши законот и не е особено галантен, но штом ве погледне, се топите.
Лошото момче е од оној тип мажи кои иако знаете дека не се погодни за создавање на семејство можат така да ве маѓепсаат што ќе го изгубите здравиот разум. Тој живее во ризик и не се мачи, што често го става во таков ризик и партнерот.
Странецот
Се сеќавате ли? На она возбудливо патување, а можеби сте го сретнале во социјалните мрежи или во барот? Без разлика каде и кога сте се нашле, времето поминато со него било забавно, возбудливо, а сексот со странец бил тема број за дискусија со вашите пријателки недели по ред. Дали ви завидуваат? Сигурно!
Господин пари
Денес би си рекле “Никогаш повеќе!”, но кога го сретнавте, видовте можност за луксузен начин на живот, пријатно поминато време и возбудлив секс. Па, веројатно ви е јасно дека сè си има цена, дури и луксузниот начин на живот.