(ФОТО) Италијански ресторан беше избран за најдобар во светот

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Италијански ресторан е прогласен за најдобар во светот. Тоа се случи на церемонијата во Њујорк, каде што се раздаваа наградите на кои победи шефот Масимо Ботура “Остерија Франческо” , надминувајќи го минатогодишниот лидер “Ел селер де Сан Рока”.ricetta-ragù-Massimo-Bottura-3-640x426

Ботура е познат по своите импровизации на база на традиционални производи. Тој е познат по своето сирење “Петте возрасти на Пармиџано Реџи”, за кој жирито рече дека стана светско со своите “форми и текстура, какви луѓето во ресторанот дотогаш не вкусиле”.L10708152-1200x675osteria_francescana_interior_4_paolo_terzi

Другото големо достоинство, истакнато при наградувањето, е дека амбициозните кулинарски креации на Ботера се совршен баланс помеѓу наследството и традицијата и модерното.

Шпанскиот “Ел Селер де Кан Рока” го зазеде второто место, а на трето се нареди њујоршкиот “Илеван Медисон парк”.osteria-francescana-dining-room-table-credit-paolo-terzi

Во топ 10 влегуваат четирикратниот победник – данскиот “Нома”, ресторани од Франција, Шпанија, Јапонија, Австрија.14a44b8b076fc2b77955d486de1ed63c

Наградите се доделуваат од страна на списанието “Ресторан”, кое започнува да ги дели признанијата во 2002 година. Тие стануваат критериум за квалитет на еден ресторан.