Американската корпорација “Епл” (Apple) патентираше смартфон технологија за производство на уред со флексибилен екран и проѕирно тело.
Според информациите на Си Ен Би Си (CNBC) патентот е регистриран во Бирото за патенти и трговски марки во САД. Како што се разбира од патентот, проектот за новиот смартфон вклучува користење на флексибилен екран на допир кој буквално го “обвива” целиот уред. Во описот се наведува дека при постоечкиот сега стандарден дизајн на смартфоните се користи само една од страните – лицето. Новиот и подобрен дизајн ќе ја прошири “функционалноста на сите површини на уредот”, сметаат од “Епл”.Промената на јачината на звукот на уредот пак ќе се случува со притисок врз екранот, кој може да биде направен од пластика или стакло. Нема да има и копче за блокирање на екранот.
Овие денови “Епл” спроведува сопствена конференција во Сан Франциско, Калифорнија. Средбата Worldwide Developers Conference (WWDC) е посветена на најновите апликации за мобилни уреди во корпоративната палета. За време на настанот “Епл” претстави и нови верзии на нивните оперативни системи – за персонални компјутери OS X, кои се преименувани во macOS Sierra, и мобилната IOS. Последниот добил и функција за претворање на говорните пораки во текст, како и целосна интеграција со апликацијата Home која одговара за далечинскиот управувач на апаратите за домаќинство во мрежата.
Корпорацијата ги ажурира и “најпаметните” часовници Apple Watch, кои би требало да станат седум пати побрзи. За нив ќе може веќе да се пишува со тоа што ќе се”цртаат” букви и симболи на екранот. Уредите на “Епл” веќе ќе користат подобрен принцип на заштита на податоците. Со новиот метод информациите ќе се енкриптираат од уредот што ги пренесува податоците, а ќе се дешифрираат непосредно од приемникот. Тоа ќе се однесува како за текстуални пораки пренесени преку инстант месинџер, така и за гласовните повици.