Пред неколку дена светот загуби еден талент – Мичу Месарош (1.10.1939-13.06.2016), кој се крие зад ликот на омилениот на сите телевизиски карактер Алф. Комедијата ” Алф” е продукција на NBC меѓу 1986 и 1990 година.
Ако сте дете на 90-тите години или постар, паметите како семејство се собираше пред малиот екран, за да ги гледа неверојатните приказни на вонземјанинот.
Најубавото е дека колку и пати да го гледаме, секогаш се смееме од срце и можеби тајно се надеваме дека некој ден нашиот дом ќе биде посетен од некој Алф. Инспирирани од неговиот незаборавен лик, споделуваме неколку од најпознатите реплики.
“Крај на демократијата! Информирајте го печатот! ”
“Ако сакаш нешто, пушти го на слобода. Ако го згази кола, значи не ти треба. ”
“Сендвич со леб – две парчиња леб и едно во средината.”
Вили: Како се прави сок од мачка, Алф?
Алф : Па исто како сок од портокал, но наместо портокал цедиш мокра мачка мачка. ”
“Знаеш, Доти? Со тебе сме слични. Само проблеми создаваме. “
“Влакно од мачка! Берба 87/88. Напротив 89. ”
Алф: Еј, Keјт, каде можам да најдам некоја поголема тава?
Кејт: Зошто ти е, Алф?
Алф: Лаки не го собира во тостер. ”
“Ако не ме праќавте толку често во кујната, немаше да јадам толку многу. Ништо чудно што панталоните на Вили веќе не ме собираат! ”
“Мојата омилена храна е од сè по многу.”
Вили: Ти ја користиш мојата четка за заби?
Алф: Зелената е твојата, нели?
Вили: Веќе не е!
” Ми здодеа да ѕвони во секое време! Како хемороиди, кои вртат на телефон. ”
“Што е оваа – белешка:” Алф, не го јади тоа! “. Па јас не јадам хартија! ”
“Многу сум почнал да заборавам во последно време. Треба да си ги врзам конец на прстот … Ш, јас сум си врзал … И за него сум заборавил! ”
Фото: Facebook