НАСА: Нови топлотни рекорди на Земјата се измерени во мај

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Image_5581052_126

 

На планетата биле забележани нови топлински рекорди во месец мај оваа година, откако во северната хемисфера била регистрирана најтоплата пролет од 1880 година (и се запишуваат температурните мерења), пренесе Франс прес.

Агенцијата цитира податоци добиени од НАСА. Затоплувањето било особено видливо во Арктикот, што довело до рано топење на ледената кора и на глечерите на Гренланд.

На Алјаска била регистрирана најтоплата пролет, откако се водат температурни мерења.