Толку сме навикнати на чевлите така што ретко можете да мислите за нив (освен кога сме на улица и во некој излог има нешто што ви се допаѓат). Но историјата на чевлите е долга и полна со историја. Еве некои од нив, кои можеби не знаете:
1. Прватао слика на чевли е од пред 15.000 години, на цртеж во пештера во Шпанија.
2. На Средниот Исток тие имале функција за да ги заштитат стапалата усвитенотпесок.
3. Во IX и X век и најбогатите кралски семејства во Европа носеле дрвени чевли.
4. Првично чевлите со потпетици биле наменети за мажите, бидејќи овој модел бил многу удобен за јавањее. Таквите чевли ги носеле главно војниците, а подоцна и аристократијата.
5. Првите женски чевли со потпептица и се припишуваат на Катерина Медичи, италијанска аристократка, која живеела во XVI век. Бидејќи била ниска, таа сакала да направи голем впечаток, кога пристигнала во Франција, за да се омажи за кралот Анри.
6. До XVIII век женските чевли не се разликувале од машките.
7. До почетокот на XIX век чевлите биле исти; првиот пар со лев и десен чевел е создаден во Филаделфија.
8. Првите дамски чизми се создадени од кралицата Викторија во 1840 година.
9. Патики се создадени во САД во 1916 година. Оргиналното име им било keds.
10. Чевлите со отворени прсти се измислени во 30-тите години, покрај модата на сончање.
11. Во 1940 г во Италија имало воведено трговско ембарго поради војната. Чевлите биле дефицитарни стока, затоа дизајнерот Салваторе Ферагамо експериментирал со други материјали за да го замени токчето. Така се појавиле чевлите со платформи.
12. Одри Хепберн ја лансирана модата на женска мокасини со филмот “Клоунско лице”, каде носи елегантен пар, изработен од Салваторе Ферагамо.
13. Стилот на потпетици се појавиле за првпат во 50-тите години во колекциите на францускиот дизајнер Роже Вивиен. Зборот “стил” е изведен од латинскиот збор “stylus” – метална острица користена како игла. Висината варира помеѓу 2.54 см и 20.32 см.
14. Познатиот дизајнер Џими Чу создал го првиот пар на чевли на 11 години. Тој потекнува од семејство на чевлари и е обучен на занаетот од татка си.
15. Најскапите чевли во светот се продадени на аукција во 2000 г за 660.000 долари. Тие се носени од Џуди Гарланд во филмот “Волшебникот од Оз”.
16. Според магазинот Glamour, за целиот свој живот просечната жена си купува околу 469 пара чевли.
17. Поранешната прва дама на Филипините Имелда Маркос имала во гардероба 1.200 пара чевли, во остар контраст со сиромаштијата во земјата.
18. Друга голема обожавателка на чевлите е модната икона, пејачката Мадона. Таа поседува неколку пара. Некои од нив се толку скапи и деликатни така што таа воопшто не ги облекува, но ги држи завиткани во свилена хартија. Понекогаш ги зема од гардероба, ги љуби и повторно ги става во гардероберот..
19. Да сонуваш чевли покажува начинот на кој се справиш со животот. Ако носиш чевли во сон, значи дека си стабилен и “приземјен”. Ако менуваш чевлите – ќе промениш ставови и убедување. Да заборавиш чевлите значи да оставиш старите навики. Стари, истрошени чевли значат тешка работа.


