Нов извештај на ЦИА за најава на крвопролевање во Европа

од Vladimir Zorba
105 прегледи

“Исламска држава” развива шема за директни и индиректни напади врз “странски непријатели”

20111122.cvwzeyeifvТерористичката група Исламска држава (ИД) ќе продолжи да се обидува да организира терористички напади во западните земји. Ова се наведува во претходно објавениот текст на соопштението што директорот на ЦИА Џон Бренан ќе го претстави денеска пред Комисијата за разузнавање на Сенатот, пренесоа американските медиуми, цитирана од светските агенции.

Бренан посочува дека ИД  работи на изградба на шема за директни и индиректни напади врз “странски непријатели”, слично на неодамнешните напади во Париз и Брисел. Според шефот на ЦИА исламистите ќе се потпираат на партизанска тактика, за да ги компензираат територијалните загуби. Според него ИД располага со повеќе борци на запад, кои евентуално би можеле да нанесат удари во земјите во кои живеат. ИД најверојатно работи вметнат во земјите, можеби со бегалските текови или преку легални начини за патување, забележува тој.џихад

ИД постепено развива различни гранки во силно поврзана мрежа. најнапредни и најопасна најверојатно е филијалата во Либија, а групата се обидува да го  прошири своето влијание во Африка. Единицата на ИД на Синајскиот полуостров пак се покажала  “најактивна и способна терористичка група во Египет”, која напаѓа египетски воени и владини цели, како и странци и туристи, слично на соборениот руски патнички авион во октомври минатата година.