Тој е на 33 години, татко на две деца и идниот крал. Но, и покрај сè, баба ти секогаш може да те скара како да си мало дете. Токму тоа се гледа во нови кадри на кралското семејство на Велика Британија, пренесува Daily Mail.Кралицата прекори внукот принцот Вилијам дека е клекнат на балконот на Бакингемската палата. Монархот го потапкува војводата од Кембриџ по рамото и вели: “Станувај, Вилијам!”.
За возврат принцот, кој беше клекнат до својот син принцот Џорџ, се исправи, а изгледаше засегнат од јавниот укор од 90-годишната баба.
