(ВИДЕО) Инцидент на одбројувањето: Вработен од МВР ги снимаше демонстрантите, па почна да бега кога го забележаа

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Вработен во Министерството за внатрешни работи од близу ги снимаше ликовите на демонстрантите кои се собраа пред СЈО, со цел да го означат последниот ден до ултиматумот кој го поставија.

Кога демонстрантите побараа тој да се легитимира и да каже за кого снима, тој без одговор почна да се оддалечува, а кога тие почнаа да му се приближуваат, тој почна да трча кон улицата кај Гимназијата „Јосип Броз Тито“.

МВР го снима речиси секој протест на Шарената револуција, а голем број демонстранти веќе добија кривични пријави поради тоа што шарале државни институции и Триумфалната порта./извор а1он