Во вчерашната втора полуфинална вечер Мартија Станојковиќ не ги изневери очекувањата на фановите и се претстави маестрално со изведбата на светскиот хит Uncover.
Таа покажа повторно дека е извонредно сценична, но и ја увери публиката во своите танчарски способности.
Откако Гоца Тржан го напушти шоуто поради настап, на нејзино место седна Марко Кон кој откри дека дотогаш никогаш ја немал слушнато Мартија во живо и дека ова чуство било неодоливо.
„Ти си светска ѕвезда!“ беше кратка во коментарите Леонтина.