Еве како ни влијае фотографирањето од смартфонот!

од desk3
61 прегледи

Камерите на смартфоните стануваат подобри со секоја измината година, што е и главната причина повеќе луѓе да ги користат токму овие уреди за да ги доловуваат највозбудливите и незаборавни моменти околу себе. Дали некогаш сте размислувале за идејата дека додека зјапаме во својот телефон, за да правиме слики ние всушност го одвлекува вниманието и остануваме надвор од најинтересните моменти кои ги снимаат? Претставници на American Psyhological Association одлучија да ја одржат најголемата студија и да стават крај на оваа дискусија и да докажат дали овој факт е вистина или не.

1465194819-video-streeming-facebook

Во истражувањето се вклучија над 2.000 доброволци, како примарен заклучок во него е дека фотографирањето не само што не го одвлекува вниманието , туку напротив дури не тера да уживаме уште повеќе на моментите и настаните кои ни опкружуваат. Учесниците се доведени во различни ситуации во кои треба да донесат сами одлука дали да го извадат смартфонот, за да фотографираат или да не го сторат тоа, а тогаш научниците го проверуваат нивното ниво на задоволство. Излегува дека речиси сите волонтери кои го снимиле моментот пријавиле многу повисоки нивоа на задоволство, во споредба со другите, кои не се снимале.

Паралелно со позитивните емоции секој од нив одвоил повеќе внимание, додека го снимал својот кадар, за да го направи токму како што сака, што исто така придонесува за развојот на овие процеси. Фотографирањето е предуслов за поголема ангажираност на корисниците, што пак води до поголемо задоволство и уживање меѓу нив, што веројатно е и причината да споделуваме повеќе слики во социјалните мрежи. Во заклучокот ќе се истакне дека оваа студија е уште еден доказ за тоа како мобилни уреди влијаат на нашиот секојдневен живот и емоционалната состојба.