Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн е на мислење дека евентуално излегување на земјата од ЕУ по референдумот во четвртокот ќе нанесе повеќе тежок удар врз економијата на Велика Британија, отколку што го предвидува најверојатното сценарио на владата, пренесе Ројтерс.
Основната оценка е дека нашиот бруто домашен производ ќе биде со 5 до 6 проценти помал. Лично мислам дека е можно да биде доста полошо од тоа, посочи денес Озборн во интервју за телевизија Ај-Ти-Ви.
Министерот за финансии направи проценка во мај дека ако Велика Британија излезе од ЕУ, бруто домашниот производ ќе биде со 6 проценти помал за две години, отколку ако земјата остане во блокот. Според него ако Британците одлучат да ја напуштат ЕУ, инфлацијата ќе се зголеми поостро.
“Луѓето веќе го прават тоа. Тие не купуваат куќи, не купуваат автомобили. Одлагаат инвестиции. Тоа е пред референдумот. Тоа е показател за тоа што ќе се случи во иднина”, додаде Озборн.
Веројатниот кандидат на републиканците за претседател на САД Доналд Трамп изјави за Британците денеска дека поддржува излегувањето на Велика Британија од ЕУ, информира Ројтерс.
DW: Во ВМРО заборавија дека се и ДПМНЕ
Само неколку дена пред референдумот на 23 јуни за членството на земјата во Унијата, Трамп повтори во интервју за “Сандеј тајмс” дека според него Велика Британија ќе биде подобро надвор од ЕУ.
Кампањата во врска со референдумот, која беше прекината привремено по убиството на пратеничката од Лабуристичката партија Џо Кокс на 16 јуни во Северна Англија, денес беше возобновена.
“Јас лично би бил повеќе наклонет да ја напуштат, од многу причини како што е многу помалку бирократија”, рече Трамп пред изданието. “Јас сепак не сум британски државјанин. Тоа е само мое мислење”, додаде тој.
Милијардерот исто така, истакна дека ако биде избран за претседател на САД во ноември, ќе се стреми кон добри меѓународни односи, вклучувајќи со британскиот премиер Дејвид Камерон.
Британскиот премиер порано ја нарече идејата на Трамп за забрана на пристапот на муслимани на американска почва ” глупава и погрешна”.
Во мај Трамп изјави дека Велика Британија ќе биде подобро надвор од ЕУ поради високото ниво на миграција.
ЕУ може да освои од евентуално излегување на Британија како резултат на референдумот закажан за 23 јуни. Тоа го вели поранешниот италијански премиер и поранешен претседател на Европската комисија Романо Проди во статија кза “Месаджеро”, пренесе ТАСС.
“Сепак се надевам дека (кралството) да не излезе (од ЕУ), убеден сум дека во случај на Брекзит Унијата ќе успее да открие повеќе компромиси, обезбедувајќи можност не само да ги зачуваме тесните економски врски, изградени во последните неколку години, но и да создадеме политички и воени сојузници од општ интерес “за земјите членки, пишува тој.
Негативен аспект на евентуалниот Брекзит според Проди е “пораката за слабост и ранливост” на ЕУ. “Повеќе земји, од Индија до САД, дури Австралија и многу други, поради историски причини и специјални политички и економски врски гледаат на Европа низ призмата на Велика Британија. Нашиот имиџ пред светот не може да не настрада од овој Брекзит”, истакнува поранешниот премиер.
Тој допушта исто дека британскиот референдум може да ги зајакне антиевропските ставови. Во секој случај моментот е “пресвртен” за ЕУ и се наметнува Европа да земе “историска одлуки”, додава Проди.
Регулаторниот банкарски орган на ЕУ најави дека ќе го премести своето седиште од Лондон во друг европски град, ако Велика Британија одлучи да ја напушти Унијата на референдумот следната недела, пренесува Ројтерс.
Ако Британците одлучат да излезат од ЕУ, ќе треба всушност да се преместиме во друг европски град, посочи во интервју за германскиот весник “Велт ам Зонтаг” шефот на Европската банка орган – ЕБО (European Banking Authority – EBA) Андреа Енриа.
Овој орган беше формиран во 2011 година како одговор на светската финансиска криза. Тој работи како паневропски регулатор, пишувајќи и координирајќи ги банкарските правила во Унијата.
Во моментов ЕБО работи на еден водич за ЕУ, што треба да обезбеди исти правила за сите банки на пазарот на капитал на Унијата.
Оваа работа треба да биде завршена без оглед на резултатите од референдумот, истакна Енриа.
Треба да се осигура дека нема различни правила меѓу земјите кои го имаат воведено еврото и оние кои се уште не се, посочи тој.
Според него европскиот банкарски сектор сега е постабилен отколку пред пет години, но се уште постои необхофност од консолидација.
