Обединета Македонија против Груевски. Македонија мора да се обедини против политиките на Груевски.
Ниту една пропаганда на соседните земји во историјата не го поделила повеќе македонскиот народ од пропагандата на Груевски.Не дели на патриоти и предавници, на антички и словенски Македонци на привилегирани подржувачи на власта и дискриминирани граѓани кои мислат со своја глава на ВМРО-овци и странски платеници. Не води во крвав граѓански конфликт продлабочувајќи го секој ден расколот во македонското национално ткиво како во времето на големите атентати и убиства меѓу левицата и десницата во историското ВМРО.Тоа денес не смееме да му го дозволиме.
Ниту една странска сила која ја окупирала Макеодонија не протерала повеќе Македонци од нивната родна земја, од тоа што го постигна Груевски со своите политики во изминатите 10 години.
Ниту еден режим не украл повеќе пари од македонскиот народ од парите што ги украде режимот на Груевски.
Од ниту една тајна полиција во историјата на Македонија не настадаа повеќе луѓе во Македонија колку што настрадаа од тајната полиција на Македонија која во соработка со Комисијата за лустрација,и со судовите осудуваше и оцрнуваше невини луѓе па дури и починати лица.
Ниту една влада не ја изолира Македонија толку многу од европските демократски текови.
Зарем сето тоа не е доволно да се обединиме против ова зло и да ја одбраниме нашата татковина.
Да ја одбраниме Македонија како дом за сите граѓани кои се свесни дека постојат многу повеќе работи кои не обединуваат од оние околу кои не се согласуваме.Политиката на Груевски мора да биде поразена.
Фејсбук статус на проф.д-р Ѓорѓи Спасов