Путин да не има роденден?

од desk3
84 прегледи

 

Човек да не поверува на своите уши. Не рускиот, туку германскиот министер за надворешни работи изјави дека маневрите на НАТО во источните земји-членки на Алијансата биле “ѕвечење на оружје” и “гласна воена реторика”.

0,,18072219_303,00

Путин да не има роденден? Бидејќи она што го рече германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер за маневрите на НАТО, наликува на еден навистина голем подарок за рускиот претседател.

Човек да не поверува на своите уши. Не рускиот, туку германскиот министер за надворешни работи изјави дека маневрите на НАТО во источните земји-членки на Алијансата само ги разгорувале тензиите и биле “ѕвечење на оружје” и “гласна воена реторика”. Руските пропагандисти се вообичаено оние кои напаѓаа со слични обвиненија дека за влошувањето на односите меѓу Русија и Западот вина носи токму НАТО.

Со главата надолу

Само што тоа е чист примерок преиначување на фактите. Или како што се вели – со главата надолу. Причина за леденото доба е фактот дека Русија крши принципи кои со децении беа гаранција за мир и стабилност во Европа. Не НАТО, туку Кремљ го окупира Крим. Не НАТО, туку Кремљ води војна во Источна Украина. И балтичките републики и Полска се плашат не од НАТО, туку од Москва – и затоа целосно доброволно се приклучија на Алијансата. До анексијата на Крим НАТО не играше никаква воена улога во овие земји. И четирите баталјони, кои треба да бидат распоредени таму, не претставуваат закана за Русија – самата таа има цели дивизии на оваа граница.

Зошто на Грција и пречи читањето на Куранот во Аја Софија

Франк-Валтер Штајнмаер зборува и за “симболична парада на тенкови”. И тука барем е во право, бидејќи НАТО единици и нивните маневри извршуваат исклучиво политички цели. Тие сигнализираат на Москва дека Западот нема уште еднаш да се остави да биде изненаден така, како во случајот со Крим. И дека НАТО ќе разгледува евентуален напад против една од земјите-членки како напад врз целата Алијанса.

Зошто?

Да не зборуваме дека применуваната сега “политика на одвраќање” стана неопходна дури откако Путин, поради недостаток на други успеси, се фокусира на воениот аспект. Тоа нема да исчезнало од очите на германскиот министер за надворешни работи. Толку очајни се социјалдемократите, од чии редови доаѓа Штајнмаер? И дали пак кажаното од него се зборовите не на еден министер за надворешни работи, туку на кандидат за канцелар од некоја лева алијанса?

Од кабинетот на канцеларката не велат ништо за ова прашање. А таму најдобро би требало да знаат дека во критикуваните од Штајнмаер маневри учествува и германскиот Бундесвер.
Frankfurter Allgemeine Zeitung GmbH, Frankfurt am Main