Работата на вработениот Винстон Смит се сведува на пре-пишување на историjата. Запазувајќи ги во детали упатствата на Министерството на вистината главниот лик на романот “1984” на Џорџ Орвел бил должен да отстранува што и да под спомнување на луѓе кои паднале во немилост пред владејачката партија, да ги крие промените во политиката на режимот и да менува предвидувања од минатото на таков начин што тие да одговараат на реалноста.
Романот-антиутопија напишан од британскиот автор во 1949 година,го изобличи тоталитарниот поредок. Во денешно време, според мислењето на многу историчари, одек од она што е опишано во романот “1984”, може да се проследи во голем број на решенија донесени во одделни земји од Источна Европа, млади демократии, кои пред четврт век се наоѓаа од другата страна на Железната завеса.
Прозападниот претседател на Украина Петро Порошенко неодамна потпиша закон за декомунизирање, во кој советската власт, која дејствувала во земјата од 1917 до 1991 година, е наречена криминален режим. Текстот предвидува тргање на спомениците од советскиот период и промена на имињата на стотици улици и плоштади во целата земја. Но тоа не е сè. Законот обезбедува широки овластувања на Институтот за националната меморија (ИНП) за “спроведување на државна политика во областа на реставрација и складирање на националната меморија на украинскиот народ” .
Со други зборови – за ревизија и претставување во поволна светлина на историските факти.
Во споменатиот институт ќе се пренесуваат сите документи на советските и украинските репресивни органи – КГБ и Службата за безбедност на Украина (ССУ). Меѓу нив ќе има податоци за политичките дисиденти, пропагандни кампањи, следење на активностите на националистички организации и кривични дела поврзани со сталинистичките чистки. Сега со проучувањето на овие документи ќе се занимава исклучиво ИНП. А исто така и ќе се одлучува кој може да има пристап до нив. Голем број експерти, без никаква врска со руската пропаганда, изјавија дека овој чекор на Киев има двојна намена. Од една страна да бидат прикажани прекумерните злосторствата на советската власт во Украина во годините на Втората светска војна. Од друга страна, да се симне улогата на украинските националисти, кои соработувале со нацистите и уништија околу 100 000 Полјаци и неколку десетици илјади Евреи за време на етничките чистки во периодот 1941-1945 година.
Најбогатиот Србин доби 5 години затвор
Обвиненијата се насочени првенствено кон младиот директор на ИНП Владимир Вјатрович, чија активност предизвикува сомнителни проценки. Џефри Брдс, професор по руска историја во Североисточниот универзитет во САД, е уверен во тоа дека Вјатрович фалсификува историски документи. “Знам за тоа, бидејќи сум ги видел оригиналите, имам нивни копии и сум ја споредувал неговата верзија на оригиналот”, рече тој.
Според Брдс работата на украинскиот историчар е “дескриптивен пример на чистење и фалсификување”, при што се уништува “сè што фрла сенка врз украинските националисти”, а исто така и “докази за злосторствата”. Предводената од него ИНП претставува бомба со напалм.
Полска ги уништува сеќавањата за Црвената армија
Украина не е сама во напорите за препишување на историјата. Голем број источноевропски земји со различна брзина се движат во оваа насока. Тонот го одредува Полска. Нејзиниот Институт за национална меморија (IPN), кој ја ужива поддршката на државата, се подготвува да лансира голем проект. Во интеракција со ултраконзервативните националисти од партијата “Закон и правда”, која дојде на власт во октомври минатата година, власта има намера да го отстрани од улиците и плоштадите сите споменици кои иако во помала мера потсетуваат за историското минато на земјата.

Основна цел на IPN се спомениците и називите кои ја величаат советската армија, која, иако придонела за утврдување на комунистичкиот режим во Варшава, ја ослободи земјата од фашистичките војски. “Во јуни ќе се обратиме кон единиците на локалната самоуправа со повик за демонтирање на спомениците на советската армија”, рече за полскиот интернет-портал Onet директорот на IPN Лукаш Камински.
Според проценка на IPN во Полска се присутни околу 500 споменици од овој вид. Многу од нив, според замислата на раководството на IPN, ќе бидат уништени директно на местата. Други, ако претставуваат интерес, ќе бидат преместени во “паркови за воспитување”. “Оставањето би било фатална грешка”, смета Камински, објаснувајќи со случувањата незавршениот процес на транзиција кон демократија во почетокот на 90-тите години на минатиот век.
Според него присуството на спомениците на јавни места налева вода во мелницата на руската пропаганда и придонесува за провокации против Полска, предводена од странство. Овој чекор само додаде масло на огнот, кој се разгори со доаѓањето на власт на самата партија “Закон и правда”. За половина година како што ја води земјата, партијата донесе такво количество антидемократски одлуки, го зајакна евроскептичното расположение во земјата – од реформи на Уставниот суд до закон за контрола на медиумите – што предизвика сериозно количество критични забелешки на свој адреса, а Еврокомисијата дури започна процедура со која ќе се утврди дали Полска ги крши основните принципи на ЕУ. Ова е невиден чекор за Брисел. Но кампањата за уништување на спомениците не се појави од никаде. Таа едноставно е наменета да се насочат со државна помош активностите кои веќе се видени.
Во јули минатата година градските власти на Нова Сол (со население од 40 000 жители), град лоциран во југозападна Полска, соборија споменик кој ги претставуваше советските и полските војници како браќа по оружје. Во септември беше отстранет споменикот на советскиот генерал Иван Чернјаховски во гр. Пененжно (население 3.000 лица), лоциран во североисточните делови на земјата. Чернјаховски ја ослободи од фашистите североисточна Полска и воспостави контрола над Источна Прусија, иако при тоа војувал и против Полјаци кои се противеле на советските сили.
Со доаѓањето на власт на “Закон и правда” во Полска се засилија обидите на официјалните власти за бришење од историјата на земјата не само на годините на германско-фашистичката окупација, но и периодот на управување на комунистите (од 1945 до 1989 година). Во последниве месеци, властите одлучија да ги зауздаат новинарите кои стигнале до темата за “полски” концентрациони логори – поконкретно Аушвиц и Собибор – посочувајќи дека организаторите на логорите биле Германците.
Максимална казна за оние кои тврдат дека Полска учествувала во холокаустот е пет години затвор.
Унгарскиот трактат за холокаустот
Во Унгарија, уште еден важен источноевропски играч, процесот на ревизија на нејзината историја започна малку порано. Од 2012 година, кога премиер стана Виктор Орбан, земјата го пренапиша своето минато. Работата стигна веќе дотаму што еврејските организации во земјата се откажаа од учество во настаните организирани во 2014 година од страна на властите во рамките на спроведувањето на Годината во спомен на холокаустот. Покрај тие се откажаа од приближно 1 милион евра кои владата планираше да им ги оддели. Еврејските здруженија посочија дека власта не толку се занимава со зачувување на националната меморија, колку со препишување на историјата, обидувајќи се да ја тргне од Унгарија одговорноста за соучество во геноцид, во текот на кој беа уништени половина милион Евреи, 70% од Евреите кои живееле во земјата до почетокот на Втората светска војна.
Доволно елоквентено е смислен од Орбан споменик, со кој ќе бидат почитувани жртвите на германско-фашистичката окупација. Првичниот проект претставуваше орел со раширени крилја кој го симболизира Третиот Рајх и настрешница со архангелот Гаврил, кој ја прикажува Унгарија. Сеедно, Миклош Хорти, го заземал местото на регент на Кралство Унгарија од 1920 до 1944 година, на почетокот на Втората светска војна не се приклучил кон земјите од Оската и немало масовно испраќање во сигурна смрт на унгарски Евреи во концентрациониот логор Аушвиц. Рандолф Брем, професор од Њујоршкиот универзитет, кој се занимава со проучување на унгарскиот Холокауст (неговите родители се жртви на настаните) ја нарече иницијативата на Орбан “кампања за перење на историјата” со цел “Унгарија да биде оправдана за својата активна улога”, која ја одиграла владата при широка поддршка од јавноста за масакрот на Евреите. Според истражувањата станува збор за “плашливи обиди” за соборување на целата одговорност од власта на Хорти за тоа. / БГНЕС
…. ………………………..
Антонио Мартинес, “Ел Конфиденсиал”, Шпанија

