Шекеринска: Груевски сака да избега и да го сврти народот против народ

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Нема веќе молк во Македонија. Стравот кој беше во сите домови сега е само во една врхушка и една фамилија. Груевски сака да избега вртејќи го народот против народот. Излезот од кризата е еден – оние кои краделе треба да одговараат, порача Радмила Шекеринска на протестот пред Владата.

По нејзиното обраќање насобраниот народ скандира „Оставка, оставка“ и тргна кон Собранието.