Населбата му била потсетник за предавството, извршено од егзекутираниот му чичко
Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун почнал да уништува еематско фолклорно селце во Пјонгјанг, бидејќи го нервирало, и будело асоцијација на неговиот егзекутран чичко Џанг Сон, кој работел на тој проект, пишува британското издание “Дејли Експрес”. Селската населба е наречена мини-Пјонгјанг, а во неа се изградени минијатурни верзии на градски згради, и е замисла на таткото на тантуреститот тиранин – Ким Џонг-Ил. Се смета дека неговата изградба ја чинела државата милиони долари. “Од почетокот на минатиот месец, од тематскиот парк се слушаат експлозии. и гласини дека тој ќе биде уништен”, пренесуваат локални извори. “Затворањето на паркот, како да е поврзано со неговиот чичко, кој беше егзекутиран и збришан по обвинение за државен удар, а то се случува и со паркот кој го потсетувал Ким на него . Тој сметал дека предавници може даму се случат секаде и во секое време, дури и кога ја држиш власта преку терор “, вели друг извор. Портпаролот на туристичка агенција, која врши патувања во Северна Кореја, велат дека од Министерството за туризам во Северна Кореја објавиле дека комплексот е затворен само привремено за поправка.

