Велиновска: Партискиот главатар на ВМРО ДПМНЕ се спрема за опозиција

од Vladimir Zorba
96 прегледи

„…ВМРО-ДПМНЕ извесно време веќе не покажува знаци на полнокрвен живот. Партискиот главатар (Никола Груевски н.з.), очигледно во негов стил, нетранспаренто етапно се дистанцира од челната позиција. По сите досегашни знаци, се подготвува да демисионира од позицијата партиски лидер“, пишува Мирка Велиновска, вотекстот под наслов „Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе води држава или ќе оди во опозиција“, објавен во денешниот број на  „Дневник“, пренесе Либертас.

mirka nokturno

Велиновска вели дека оставката на Груевски од премиерската функција е договорена во Стразбур уште пред „пржинската капитулација“.

„(Тој) работи на терен како активист одговорен за комунални работи. Нема веќе ни трага од државнички ангажман“, стои во написот на Велиновска, која критички заклучува дека „според тоа како оваа партија (ВМРО-ДПМНЕ н.з.) ја ’води’ политиката среде куртон-револуцијата, по сè изгледа дека се подготвува да оди во опозиција под присила на САД. Ова, пак, може да значи или дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да биде соучесник во драматични собитија по режирани изборни резултати, како, на пример, обезименување на државата, странска воена интервенција и инсталирање на СДС-УЧK-хунта и дека, со или без Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и народот што ја поддржува ќе организираат НОБ“.

Велиновска тврди дека е во тек освежување на партијата на власт бидејќи партиската политика станала „досадна и еднолиниски конзервирана“.

„Само што нас никој не нè удостои да ни каже. На пример, зошто се согласил Никола Груевски на такво нешто и згора зад грбот на гласачите што му дале доверба да раководи со државата? Еве, сега е во тек и (владино) партиско кадровско „освежување“, ама нема ни збор за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ја освежува и својата партиска политика која стана досадна и еднолиниски конзервирана“.

Извор: Либертас