Сојузите се проблем, но без нив не се може!

од desk3
92 прегледи

Уште од времето на битката кај Ватерло во 1815 година, годишнината на која ја одбележуваме на 18 јуни, постои азбучна вистина, која се состои во тоа што за големите битки се потребни големи коалиции. И всушност, за запирање на моќната и сурова француска воена машина која хараше низ цела Европа, во текот на повеќе од 22 година се бореа седум коалиции. Покрај тоа, од времето на склучувањето на Вестфалскиот мир во 1648 година повеќето од западните војни биле водени со сили на коалиции.

sojuz
Дури САД, независно од евентуалниот кај нив од време на време стремеж кон самостојност, никогаш не воделе големи војни самостојно. Кон тоа спаѓа и Виетнамската војна (која по своите цели и остварување често е сметана за исклучително американска), во која на американските војници им помагаа уште 400 000 војници од неколку сојузни држави – вклучувајќи Јужна Кореја, Австралија и Филипините. Сојузите и коалициите постојат речиси толку време од колку постои цивилизацијата.
Првиот од познат на историчарите мировен договор бил потпишан од Египќаните и Хетите во 1259 година пред новата ера. По спроведената 15 година порано битка кај Хадеш, победа во која секоја од овие две земји си ја припишува, двете држави разбрале колку силни можат да бидат, ако објават обединет фронт против секоја нивна надворешна закана.

Трст е наш, а можеби и швајцарски

Унијата се покажала до толку успешна што опстоила осумдесет години. Првата меѓународна воена коалиција била создадена шест века подоцна. Во 612 година пред новата ера, по продолжиле многу децении безмилосни гонења, Халдејците, Мидјаните, Скирите, Кимеријците, Вавилонците и дури некои земји незадоволни од Асирците, се здружија за да ја уништат престолнината на асирската држава Ниневија. Од тогаш овие два модели на интеракција – формални договори и привремени коалиции – станаа популарни инструменти на дипломатијата.
Но сојузите може да вклучуваат во себе и опасности, од кои некои постојат од самиот почеток. Во оваа врска “Илијада” на Хомер може да се прифаќа како навремено предупредување во многу страници за тоа колку опасно е да биде пројавувањето излишна подготвеност за војување ао помош на сојузниците. Инхерентната Тројанска војна е приказна за тоа како еден човек поради своите семејни проблеми не само што активирал илјадници бродови од сите краеви на Грција, но и прави хаос и разурнување во истите тие обединети градови-држави со нивните горди херои.
И, за свое зло, Грците го преживуваат тоа двапати. Првиот пат тоа се случува во коалиција против империјата на Ахменидите за време на грчко-персиските војни (499-449 година пред новата ера), кога многу од малите грчки градови-држави забележуваат дека Атина, нивниот најсилен сојузник, е и агресивен окупатор во однос на своите пријатели. За втор пат тоа се случува при создавањето на “коалицијата пријател против пријател” за време на Пелопонеската војна (431-404 година пред новата ера), кога Атина и Спарта ги присилиле сите грчки градови-држави да прават избор меѓу двата пспротиставени сојузи. Спарта победува, но завршувањето на војната не донесе на никого реална победа: поради постојаните борби Грција стана ранлива и била разделена од граѓански војни, востанија и инвазии на непријатели. Златниот век на Грција тука завршува.
За време на Наполеоновите војни Англичаните забележуваат дека при проширувањето на Унијата и вклучувањето на нови учесници, не е задолжително тој да станува поефикасен. Наполеон лесно ја уништува третата и четвртата коалиција (во 1805-1807 г.), бидејќи сојузниците – меѓу кои Велика Британија, Прусија, Австрија и Русија – не можеле да дејствуваат заедно. Во битката кај Улм во 1805 година третата коалиција претрпе пораз, бидејќи Австријците дејствувале лежерно, а Русите трошеле време.

Значи Наполеон го избрал најповолни момент за својата напад. А сепак, и покрај сите овие ризици и комплексност, алијансите се привлечни како порано. Винстон Черчил еднаш рекол: “Уште полошо ,отколку да војуваш заедно со сојузниците, може да биде, на крајот, едно – да војуваш без нив”. / БГНЕС
——————————————–
Аманда Форман, “Волстрит џурнал”