Ле Пен бара референдум во секоја земја на ЕУ како оној во Велика Британија

од Vladimir Zorba
149 прегледи

 

Лидерот на францускиот екстремно десничарски Национален фронт (ФН), Марин Ле Пен, ја нарече ЕУ „тоталитарна“ и побара во секоја земја членка на Унијата да се организира референдум, како оној што утре ќе се одржи во Велика Британија.17012015111646_marinlepen

Ле Пен, која е член на Европскиот парламент, се определи како „заштитник на слободата на народите да располагаат со својата слобода и да ги избираат законите“.

– Она што го сакам е референдум во Франција. Секоја земја треба да може да се произнесе со референдум, истакна Ле Пен.

– Французите не се прашани од пред 11 години, а последниот пат нивниот збор беше погазен, од традиционалните левичарски и десничарски партии, нагласи лидерката на ФН, алудирајќи на референдумот од 2005 година, со кој Французите го отфрлија за Договорот за еврпскиот устав.

– Какви и да се резултатите в четврток, ЕУ се распаѓа, распукува насекаде. Или чекаме пропаст, експлозија или ќе седнеме на маса и ќе започнеме да градиме Европа на нациите, која ќе ја замени тоталитарната ЕУ, која ја знаеме денес, додаде Марин Ле Пен.