Има пострашно и од главосечачите на ИД

од desk3
102 прегледи

 

Дури и да биде поразен исламскиот “Калифат на злото”, во регионот остануваат да клокотат бројни етнички и религиозни битки за превласт и редистрибуција на влијание. А тоа значи – и нови драми-анализира DW.

0,,18708887_303,00
Повеќе од две години луѓето во Фалуџа живееја под тиранијата на една верска банда- убијци, која ги држеше во послушност преку масовни стрелања и брутални егзекуции. Во последните недели терористите дури ги користеа како живи штитови. Пред неколку дена, ирачкиот премиер Хајдер ал Абад малку избрзано објави ослободувањето на Фалуџа од т.н.. “Исламска држава” . Жителите на градот сепак не западнаа во еуфорично расположение. Можеби затоа во некои делови на градот се уште се водат борби меѓу ирачката армија и борците на ИД и би било чисто самоубиство човек да излезе на улиците за да слави. И уште нешто: Безброј жители на Фалуџа и без друго го напуштија градот уште далеку пред тој да биде официјално освоен од џихадистите.

Бегство уште пред да дојдат ослободители

До 80 000 луѓе го напуштиле Фалуџа од почетокот на ирачката воена офанзива, започната на 23 мај. Од нив барем 30 000 луѓе избегаа од градот по официјално објавеното ослободување минатиот петок /17.06/. Сега овие луѓе живеат во катастрофални хигиенски услови во шаторски кампови надвор од градот, каде ја очекуваат понатамошната судбина. Тоа сепак не го запира амбициозниот план на ирачкиот премиер да го нападне и последниот бастион на ИД – градот Мосул.

Ако си заминат Британците, фунтата ќе падне за неколку часа

Позитивно во целата работа е сепак тоа што власта на “калифатот” се рони – барем во регионите на неговата првична доминација. За неколку дена терористите најверојатно ќе бидат истиснати трајно од Фалуџа. Од два други ирачки градови -Тикрит и Рамади – тие беа протерани уште пред неколку месеци.

Воениот притисок врз ИД се засилува и во соседна Сирија и дури во Либија, иако таму се уште не може да се зборува за воена победа над џихадистите. Иако загубија контрола над одредени области, како и над некои правци за шверц на стока и оружје, ИД сеуште е во состојба да шири страв и ужас преку терористички напади – не само на Блискиот Исток, но и во САД и Европа.

Вооружената борба против ИД несомнено е потребна, а секој успех на копнените сили заслужува честитки. Оваа борба сепак ќе си остане со премногу ограничено значење, додека не бидат искоренети вистинските причини за конфликтот. Повеќето сунити пример едвај избегале од Фалуџа само заради ИД и тековните борби. Многумина веројатно сакале да се спасат од акциите за одмазда и самоволие на шиитските милиции кои ја имаат славата на не помалку брутални. Независно од лошиот имиџ на овие милиции, беше дозволено да играат главна воена улога во копнена офанзива против Фалуџа, за време на која користеа со отворена поддршка на Иран. Во исто време САД ги поддржуваа со воздушни напади. Шиитските милиции не беа пуштени само до битките, водени во рамките на Фалуџа.

Иран и Саудиска Арабија поттикнуваат

Премиерот Абад, кој е шиит, така и не успеа да ја добие довербата на сунитското малцинство, кое во времето на Садам Хусеин беше привилегирано, а по соборувањето на диктаторот – свесно маргинализирано.
Абад не инсистира мна пробивност, а можеби и не му достигнува и политичка волја. Затоа уште отсега може да се предвиди дека офанзивата против последниот ирачки бастион на ИД – богатиот со нафта Мосул – ќе ги разгори со нова сила тензиите помеѓу народносните групи. Ова се однесува и за Курдите, кои учествуваат во воената офанзива, и кои во иднина несомнено ќе претендираат за поголемо учество во политичкиот и економски живот. Со други зборови: ќе треба да очекуваме нови бегалски бранови и човечки драми во регионот.

Се кажано до тука покажува дека ИД не е единственото зло во регионот. Проблемот е во тоа што таму се водат бројни битки за превласт и редистрибуција на власта, во кои свесно се разгоруваат верски и етнички елементи, за да се обезбеди поддршка на одредени народносни групи или кланови.

Сирискиот режим, различните сириски опозициски групи, курдските милиции Пешмерга и шиитските милиции во Ирак – сите тие имаат корист од овој механизам, исто како и ИД. Особено срамна и опасна е улогата која ја играат и двете завојувани регионални сили Иран и Саудиска Арабија. Наместо да смируваат и да посредуваат меѓу завојуваните страни, тие и самите налеваат масло во огнот на верските конфликти во регионот.