Има уште четири и пол месеци до претседателските избори во САД. Но утре претстои гласање, што може да има не помало значење за иднината на светот: британскиот референдум за членството во Европската унија. За жал, ова гласање е избор меѓу лошо и полошо – и прашањето е кое што е.

За да не изгледам порезервиран: ќе гласам за останување. Ќе го направам тоа со целосна свест дека активностите на ЕУ се длабоко растроени и заедницата не покажува речиси со ништо дека ќе се реформира. Но “Брекзит” веројатно ќе ги влоши работите, не само за Велика Британија, но и за Европа во целина. Директните економски последици се јасни: “Брекзит” ќе ја направи Британија посиромашна.
Нужно ќе доведе до трговска војна, но дефинитивно ќе наштети на британската трговија со остатокот од Европа , со што ќе ги намали продуктивноста и приходите. По мои груби пресметки, кои се слични со други проценки, претпоставувам дека Велика Британија ќе се покаже со 2% посиромашна отколку што би била инаку, практично засекогаш. Ова е голем удар. Постои и ризик, кој потешко се категоризира дека “Брекзит” ќе влијае на лондонскиот Сити – британскиот аналог на Волстрит, кој е огромен извор на извоз и приходи. Па цената ќе биде значително повисока. Што да кажеме за предупредувањата дека заминувањето на ЕУ ќе предизвика финансиска криза?
Хрст: Најважна е оригиналата замисла
Тоа е преувеличен страв. Британија не е Грција: има сопствена валута и зема заеми во таа валута, затоа не е изложена на ризик од влез во циклус кој ќе создаде монетарен хаос. Во последните недели шансите за напуштање на ЕУ видливо се зголемија, но каматите опаднаа, не полетаа, во склад со глобалниот пад на добивката. Сепак, од економска гледна точка “Брекзит” изгледа лоша опција. Точно е дека некои застапници на “Брекзит” тврдат дека заминувањето на ЕУ ќе ја ослободи Британија и таа ќе може да прави прекрасни нешта – да ја дерегулира и ослободи магијата на пазарот, што ќе доведе до експлозивен раст.
Жалам, но тоа е само вуду магија загрната со британското знаме; тоа е истата фантазија за слободен пазар, која секогаш и секаде е изречена измамнички. Не, економската состојба е толку сериозна како што секогаш се сериозни слични состојби. Зошто, и покрај тоа, сум за останување?
Дел од одговорот е дека влијанието на “Брекзит” ќе биде нерамномерно: Лондон и југоисточна Англија ќе се најмногу погодени, но “Брекзит” најверојатно ќе значи помала фунта, што може да им помогне на некои од старите области на Север. Уште поважна сепак, е тажната реалност на ЕУ, која Британија може да ја остави зад себе.
Т.н. европски проект започна пред 60 години и за долг период тој беше огромен мотор со позитивен полнеж. Тој не само што даде поттик на трговијата и помогна на економскиот раст; тој беше и потпора на мирот и демократијата на континентот со ужасна историја. Но денешната ЕУ е земјата на еврото, огромна грешка, комплицирана од упорноста на Германија да ја преврти кризата, чија единствената валута ги доведе во морална драма за гревовите (на други луѓе, се разбира), чии трошоци можат да се покријат преку буџетски кратења.
Британија има осет и ја запази фунтата, но не е изолирана од другите проблеми на европското “исфрлање”, имено воспоставувањето на слободна миграција без таа да има поделено управување. Може да приговара дека проблемите предизвикани од, да речеме, Романците кои ги користат здравствените услуги, се претерани и дека придобивките од имиграцијата значително ја надминуваат оваа цена. Но тоа е аргумент кој е тешко да го истакнес пред публика, разочарана од намалувањето на јавните услуги – особено кога благонадеждноста на проевропските експерти е толку мала.
Тоа е најобесхрабрувачкото нешто поврзано со ЕУ: изгледа никој никогаш не учи од грешките. Дури во Брисел или Берлин да направат болна анализа на страшното економско претставување на Европа од 2008 година наваму, е многу тешко таа да биде иксрена.
Чувствувам симпатии кон Британците, кои едноставно не сакаат да бидат уловени во систем кој нуди толку мала одговорност, дури заминувањето да е економски скапо.
Прашањето сепак, е дали со британското гласање за излез ќе се подобри нешто. Ова може да послужи како оздравувачки шок, кој конечно ќе ги разниша европските елити и ќе ги извади од самозадоволувачката состојба кон промени. Но, се плашам дека всушност работите ќе се влошат.
Неуспесите на ЕУ доведоа до застрашувачки пораст на реакционерството, на расистичкиот национализам, многу веројатно е “Брекзит” да ги мести уште повеќе овие сили, како во Британија, така и на континентот. Очигледно, може и да грешам за овие политички последици. Исто така е можно моето чувство за безнадежност спрема европските реформи да е премногу. И еве што: како што наведува Сајмон Рен-Луис од Оксфорд, Велика Британија ќе ја има и понатаму можноста да ја напушти ЕУ еден ден, ако сега гласаат за останување, но гласањето за излез ќе биде навистина неповратно.
Треба да сте навистина целосно сигурни дека Европа не може да биде “поправена”, за да го поддржите “Брекзит”. Затоа ќе гласам за останување. Нема радосно чувство во ова гласање. Но треба да биде направен избор и токму тука е авантурата. / БГНЕС
————————————–
Проф. Пол Кругман, економист и добитник на Нобеловата награда. Анализата му е објавена во весникот “Њујорк тајмс”.