Грција воведе забрана за употреба на електронски цигари на јавни места

од Vladimir Zorba
77 прегледи

 

Грчките власти воведоа забрана за пушење на електронски цигари на јавните места, што предизвика незадоволство кај граѓаните, но и кај производителите,Elektronske_cigarete_najcesce_koriste_pusaci_da_bi_prekinuli_sa_tom_stetnom_navikom

Како што објави „Њуз.ин“, властите за ваквата одлука биле мотивирани од мислењата на американски и европски фармацевски компании, според кои, електронските цигари исто така се сметаат за производ од тутин и поради тоа нивната употреба на јавни места треба да биде забранета.

Сојузот на грчките претпријатија на електронски цигари (СЕЕИТ) не се согласува со тврдењето дека во Италија, Шпанија, Швајцарија и Велика Британија е забранет „чадот“ од електронски цигари на јавни места, наведувајќи дека во Грција е воведена забрана без да се спроведе некакво научно истражување.

Грција, чија нација е процентуално со најголем број пушачи во  Европа, пред неколку години забрани пушење на цигари на јавни места, но таа забрана граѓаните не ја почитуваат целосно.