Чудеснaта историја на Американец, кој ниту е маж, ниту е жена

од desk3
70 прегледи

Судот во Малтном (САД, Орегон) официјално го призна 52-годишниот Џемаил Шуп не за маж, не за жена, туку за човек од трет пол. Сега Џејми претпочита да се обраќаат кон него не со “тој” или “таа”, туку со “тие” .САД стануваат третата земја во светот каде што живее таков човек. Третиот пол е легализиран во Германија, Австралија, Нов Зеланд, Бангладеш, Пакистан, Непал и Индија.

1466673628-12

При раѓањето Џејми Шуп е определен како маж. Детето беше едно од осумте во семејството и од мал имал проблеми со идентификацијата . Му се потсмеваа дека се однесува како девојка. Кога пораснал тој влегол во армијата, каде служел 18 години, се оженил и има ќерка. За време воената служба тој се дефинирал како трансгендер, а по документите се водел како жена.

Излегувајќи од армијата, поранешниот наредник Шуп, кој веќе не се чувствувал маж почнал да прима женски хормони. Сопругата го поддржувала во овој потфат, но признава дека понекогаш и било тешко да го прифати изборот на мажот: “Ова е човекот со кого сум го поминала поголемиот дел од свесниот мој живот. Имаме дете. Кога сакаш некого, сакаш тој да живее во мир со себе. ”

Подоцна Шуп разбира дека не се чувствува и како жена. Тој немал намера или желба да се подложи на операција за промена на полот. Гледајќи жена “тие” чувствувал дека не може да биде таков човек како него. Тогаш се сфатил себеси како човек од “третиот пол”. Судија Ејми Хен го одобрила неговото барање и сега Џејми Шуп официјално не припаѓа ниту кон машкиот, ниту кон женскиот пол.