Курсот на еврото и британската фунта во Токио паднаа на најниско ниво одј 2013 година

од Vladimir Zorba
98 прегледи

 

Курсот на еврото во однос на јенот падна денеска на најниско ниво од јануари 2013 година, како последица на резултатите од референдумот во Велика Британија, јави ТАСС. берзаб

Кон 10:15 часот според времето во Токио, едно евро се разменуваше за помалку од 115,5 јени, што е речиси за три јени помалку во однос на втората половина од вчерашниот ден.

Истовремено, британската фунта падна на најниско ниво од 2013 година.

Пред референдумот во Велика Британија, Министерството за финансии на Јапонија им даде инструкции на водечките банки во земјата да подготват резерви со девизи во случај на нагли промени на странските валути