Вонредна средба на лидерите на ЕУ по одлуката за Брегзит

од Vladimir Zorba
79 прегледи

 

Лидерите на ЕУ денеска ќе одржат вонредна средба посветена на резултатите од вчерашниот референдум во Велика Британија, на кој Британците се изјаснија за напуштање на Унијата, соопштија дипломатски извори во Брисел.брит

Според истиот извор, средбата ја свикал претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и на неа ќе присуствуваат првите луѓе на Европскиот совет и на Европарламентот, Доналд Туск и Мартин Шулц, како и холандскиот премиер Марк Руте, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

– Лидерите на Европската унија ќе се сретнат за да решат што да прават по шокирачката одлука, изјави немименуваниот дипломат, додавајќи дека четворцата високи претставници на Унијата ќе се обидат да ја „усогласат заедничката европска позиција по резултатите од британскиот референдум“.

За подоцна денеска е најавена и вонредна седница на Европската комисија