Шегите и закачките во социјалните мрежи по неочекуваниот Brexit не запираат. Претходно денеска стана јасно дека жителите на Обединетото Кралство, кои гласале со “за” на референдумот за напуштање на ЕУ, се 51.9%, што автоматски значи дека државата ќе стане првата во историјата која ја напуштила Европската унија. Повеќе мислења се испишани по темата како ќе влијае тоа на економијата на Велика Британија и ЕУ.

Што ќе се случи во реалноста претстои да разбереме. Корисникот на сајтот за онлајн продажба eBay, кој се нарекол blackteabowl, пушти интересен оглас. Тој го предложил за продажба самото Обединето Кралство со почетна цена од 0,99 фунти. Секој со сметка на сајтот има право да наддава за вредното “купување”. Во моментов цената достигна до 50,500 фунти, а како оди наддавањето може да следите ТУКА!