Консултативниот совет за рекомбинативна ДНК при министерството за здравство на САД одобри барање на научници од Универзитетот во Пенсилванија за обиди за генетска модификација на човекот, пишува списанието “Сајнс”.
При експериментите со технологијата CRISPR / Cas9 истражувачите се надеваат дека ќе ја подобрат ефикасноста на имуните клетки, од кои зависи колку плодна ќе биде борбата со ракот.
Експериментите ќе продолжат две години и во нив ќе учествуваат 18 волонтери со различни типови на рак: сарком, меланома и миелом. Обидите ќе се одржуваат во три научни центари – Универзитетот во Пенсилванија, Универзитетот во Хјустон и Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско.