Дизајнот на новиот смартфон на американската компанија “Епл” (Apple) нема да биде радикално различeн од претходниот модел Ајфон 6 (iPhone 6), објави во вторникот во сајт американскиот весник “Волстрит џурнал”.
Според изворите на весникот “Епл” планира да се оддалечи од принципот секои две години да се преработува дизајнот на основниот модел “Ајфон”. Сега ќе бидат направени само мали промени во моделот кој ќе излезе наесен. Како што наведува весникот, новиот уред ќе биде претставен во две верзии – со дијагонала на екранот од 4,7 инчи и 5,5 инчи.
Според весникот, најсуштествена промена која се очекува во оваа година, ќе биде откажувањето од приклучокот за слушалки, кој “ќе го направи телефонот потенок и со подобрена отпорност на вода”. Слушалките ќе се поврзуваат со конекторот кој се користи за полнење на уредот.
“Епл” планира посериозни измени во дизајнот за 2017 година “, се вели во статијата. Тие вклучуваат опрема на новите уреди со екрани на базата на органските диоди (OLED) и откажување од копчето за враќање во главното мени. Наместо него може да се користи вграден во екранот сензор за препознавање на отпечатоци. Весникот истакнува дека не е јасно дали “Епл” ќе се врати на својот основен принцип за “Ајфон” – нов дизајн на секои две години.