Лидерите на Ирска и британската покраина Северна Ирска го отфрлија повикот на партијата Шин Фејн да се организира референдум за обединување на островот, по одлуката на Британците за излез од ЕУ, соопшти Франс прес.
Ирскиот премиер Енда Кени изјави дека има поитни проблеми во блиска иднина.
Според ирски медиуми Парламентот, кој е на одмор, ќе биде свикан на итна седница во понеделникот поради британската одлука.
Премиерката на Северна Ирска Арлијн Фостер исто ја отфрли идејата за референдум.
Светот полуде! Во Тексас планираат референдум за излез од САД
Северна Ирска масовно гласаше за останување во ЕУ, поради што Шин Фејн побара референдум за обединување.
“Ние сме вклучени во вител, предизвикан од еден гласање во Англија. Шин Фејн ќе врши притисок за референдум за границата”, изјави претседателот на партијата Деклан Кирни.
Можноста за таков референдум е предвидена во мировните договори од 1998 година, но со услов да постои јавна поддршка, а според Фостер случајот не е таков. Вооружената борба на С. Ирците со Британија за независност траеше повече од 40 години.
Уште во петокот шкотскиот прв министер Никола Стардџн изјави дека Владата на Шкотска ќе почне да подготвува прописи за втор референдум за независност.
Старџн истакна дека од резултатите забележале големо желба на Шкотланѓаните да останат во ЕУ, а 62% го поддржале тоа, против 38% за напуштање. Таа изјави дека е “демократски неприфатливо” Шкотска да биде изнесат од ЕУ против својата волја.
По распадот на СССР и Југославија, ова се првите реферндуми за национални држави за спојување на нации кои се поделени. како што се Ирците во Северна Ирска.

Потсетуваме дека Југословенскиот распад највеќе се однесуваше на териотиите каде вон границите на државите живееа малцинства кои сакаа да се припојат кон домицилната држава. Србите од Краина и сега веќе Република Српска сакаа да се обдединат со Србија, а Хрватите од БиХ со Хрватска, На ова се спротиставија босаките муслимани кои се залагаа за целовитoст на БиХ. Потоа следуваше една од најкрвавите војни по втората светска војна во Европа. Главна улога за примирје тогаш имаа западаните земји меѓу кои и Британија.



