Не е важно кој како гласал, зошто Камерон го направи референдумот или дали Шкотска ќе прави повторно нов. Ова гласање може да биде шанса за промена, а можно е тоа да е камбана – бие за погреб. И ќе биде огромна, судбоносна грешка, ако во Европа и најмногу во Германија, тоа не се разбере.
Првите сигнални и реакции на незадоволство не задоцнија. Од злобни коментари за посраните Англичани до повици за тешки казни, кои треба да значат порака -а да не ги следат другите што веќе се присутни.
Разбирлива е желбата да се казни кралството, бидејќи си дозволи да ја понижи ЕУ, и тоа може да се претвори во масовна психоза. Но, дали Меркел и Јункер, ќе ги покрие слабостите и тешките проблеми во Унијата. Обратна реакција, на мирна и трезвена анализа ќе помогне да се дојде до ум дека таква Европа е невозможно да остане.
Сега Камерон ќе поднесе оставка, а требаше да е Меркел. Политиката на германскиот канцелар, кој стана и политика на цела Европа, е вистинската причина за одлуката на Островот. ЕУ покажа дека е водена од Меркел и дека не може да се справи со овој изглед и како водич во решавањето со проблемите.
Една финансиска криза во периферна земја, каква што е Грција, ја потресе целата Унија. Еден емигрантски бран, во голема мера охрабрен од самата Меркел, ја стави Европа на колена. Ниту еден механизам, ниту еден од органите на ЕУ не успеа да се справи со овие релативно мали предизвици.
Денес цената на тоа јавашлик ќе го плаќаат граѓаните од континентот, а тие не се виновни. Тие не давале лажни рејтинзи за Грција, како за нејзиното отсуство и ризични заеми, за да ги плаќаат сега. Тие не ги поканија бегалците во нивните домови.
Тие не ја избирале европската влада. Овие комесари, избрани и и се именувани на нејасен начин, како и зошто од своите земји,сепак тие не претставуваат Европа. Ниту може да ги смени, ако не ти се допаѓаат, ниту можеш да им држиш сметка, тие не се одговорни пред избирачите. Политиката на ЕУ ја прави непознатиот како, по какви причини и аргументи. Европарламентот не е парламент – нашите претставници таму, кои сепак ги избираме и можеме да ги држиме одговорни, ниту имаат право да прават буџетот на Европа, ниту кабинет. Каков е тоа парламент? Зошто воопшто ги нарекуваме пратеници?
Одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ е тежок удар за сите нас. Една моќна и демократска земја, втората најсилна економија тука, ни вели збогум. Ако сега ЕУ се обиде да ја казни за тоа решение, наместо да ги види причините, ќе дозволи огромна грешка.
Се согласувам дека опасноста е голема ако други да го следат кралството, но тоа нема да е поради недостатокот на строго казнување за немирната Англија. Други ќе го следат ако Меркел и Јункер продолжат со оваа политика на палијативни одлуки. Овој модел и оние лидери на Европа ни доведоа до денешното гласање. Ако сме искрени, треба да кажеме дека не е и ново тоа.
Австрија го избра истото, но при вториот круг на претседателските избори успеаја да го запрат. Сега сакам да прашам – ами утре на парламентарните каде нема втор круг, како ќе влијасат врз овие 49% на десницата? Како ќе ја спречат Марин Ле Пен догодина во Франција? Европа веќе гласаше против Меркел, само ја прикриваат поради можноста да прават непринципиелен коалиции по секоја цена.
Овие коалиции ги уништија традиционалните партии. Недостатокот на фер дебати, на јасни идеологии и програми разноразни Европејцие. Антиевропската десница зеде замав поради слабоста на Европа, не поради својата сила. Ќе биде глупаво поради платите на неколкуте илјади бирократи во Брисел да го уништиме континентот. Тие, се разбира, ќе не убедуваат во спротивното.
Камбаната бие за нас, но не е задолжително тоа да е погребот.
