(ВИДЕО) Семејна драма: Мајка си ги уби двете ќерки, а потоа полицајци ја убија

од desk3
101 прегледи

Жена ги уби двете ќерки за време на семеен конфликт, по што беше убиена од полицајци во американската држава Тексас, пишува New York Daily News.Според изданието 42-годишната Кристи Шитс ги уби 19-годишната Тејлор и 17-годишната Медисон за време на кавга, која почнала во семејниот дом во Фулшир, кој се наоѓа во близина на Хјустон.
1466906159-yako-slntse
Houston Chronicle пишува дека инцидентот се случил околу 17 часот по локално време вчера. Одкога полицајците реагирале по пријава, нопинарите ги виделе двете девојки како лежат мртви на улица, а до нив стоела трета жена која држела пиштол. Тоа била мајката на загинатите. Таа била застрелана од полицајците, откако одбила да го пушти пиштолот. Нејзиниот сопруг и татко на убиените девојки не бил повреден, но се наоѓа во болница поради тежок психички проблем.

Во моментов властите ги испитуваат мотивите за злосторството. “Имало семеен конфликт, кој се претвори во пукање. Сеуште се обидуваме да го откриеме мотивот “, вели шерифот на округот Форт-Бенд Трој Нерс.

Според него и предходно полицијата често била повикувана поради скандалите на оваа адреса.