Националистот Борис Џонсон се покажа дека е внук на сиромашен турчин – емигрант во Лондон

од desk3
99 прегледи

 

Потенцијалниот иден премиер на Велика Британија Борис Џонсон по документи е внук на познатиот во недалечното минато новинар во Турција Али Кемал, јави дописникот на БГНЕС. Денес беше објавена истрага за потеклото на Џонсон, во која се истакнува дека токму тој раководеше жестокото кампања против членството на Турција во ЕУ. Поранешниот градоначалник на Лондон, кој повторно излезе на дневен ред во британското општество, има семејство со драматична судбина, забележува дописникот на БГНЕС, повикувајќи се на изнесените историски факти. Неговото вистинско име е Александар Борис де Фефел Џонсон / Alexander Boris de Pfefel Johnson /.

turak
Дедо му Али Кемал е еден од водачите на протестите против турската војна за независност и против националистите. Поради сите свои активности тој бил линчуван на 6 ноември 1922 година на плоштадот во градот Измит. Али Кемал е една од најинтересните личности во турската историја не само поради отпорот против националистичките движења и ставови, но и како едно од најсветлите имиња во новинарството.

Во својата младост тој бил неколку пати праќан во затвор од тогашниот владетел Абдул Хамид Втори, а во почетокот на 20-тиот век емигрира во Лондон, каде што во 1903 година се жени за англиската дама Вилфрид Бруни со која имаат една ќерка. При објавувањето на втората уставна монархија во 1908 година тој се враќа во Истанбул, каде што почнува да пишува во весниците и да предава на универзитетот, и подложен е на жестока критика на Партијата на единството и напредокот.
Година подоцна по избивањето на немирите од 31 март тој е принуден повторно да избере прогонство и заминува кај семејството во Англија. Тука веќе опозицискиот новинар го очекуваат многу и тешки денови. На крајот на 1909 година му се раѓа син нсо име Осман Кемал, но набргу потоа мајката Вилфрид умира. Али Кемал, ќерката и неговиот син, и тештата Маргарет Бруно живеат 3 години во крајна беда во Вимблдон.

Халуциногена Русија (секоjа сличност со Македонија е случајна или не!?)

Таткото ги препушта своите деца на баба им и се преселил во јужниот град Брнмут, а во 1912 година повторно заминува за Истанбул. Таму се жени по втор пат – Селиха Ханм е ќерка на министерот за воениот арсенал Зеки паша. Во 1914 година од новата сопруга му се раѓа неговиот син Зеки, на кого подоцна му го даваат презимето Кунералп.
Истиот Зеки Кунералп подоцна станува еден од водечките дипломати на Република Турција. Во меѓувреме англиските деца на Али Кемал растат на Островот, добиваат државјанство, поради што го отфрлаат татковата презиме Кемал и го земат моминското на баба им Џонсон. Така Осман Кемал станува Осман Вилфрид Џонсон, кој се оженил за Ајриш Вилијамс, а во 1940 година им се раѓа син по име Стенли Патрик Џонсон.

Истиот станува пратеник од Конзервативната партија во периодот 1979-1984 година и освен познат писател, тој е експерт за животна средина и проблеми на населението.
Тој има 4 деца, меѓу кои е и споменуваниот за нов британски премиер Борис Џонсон. Во архивите на Али Кемал и на Осман Кемал се содржат различни писма, напишани на архаичен турски јазик.
На 5 август 1910 година Али Кемал пишува писмо од Париз до турскиот министер за финансии Џавид бег, во кое го известува за паричната тежина во Англија и за тоа дека бил принуден да ги остави децата на улица заедно со повозрасната баба. Тој го моли Џавид бег да му посредува за добивање на заем од 3 000 франци и за продажба на малата куќа во Истанбул.
Во писмото Али Кемал ги нагласува и променетите имиња на своите деца, кои го зеле моминското презиме на баба им, и инсистира за помош да може да се врати кај нив за да бидат заедно некаде во Лондон. Ова писмо е испратено од Париз, булеварот Монпарнас 152. Публикацијата со вистинска приказна за турскиот корен на британскиот политичар Борис Џонсон возбуди коментари како: “Еве го внукот на османлијата”, “Дури и да се одрече од своето потекло,тој успеа да раздвои Обединетото Кралство и така се одмазди “,” Тој по ништо не личи на Турчин “,” Уште дедо му бил предавник, никаква надеж за него “, итн / БГНЕС